Боров четник
Боров четник | |
---|---|
Pine processionary larvae marching in characteristic fashion | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Thaumetopoeidae |
Род: | Thaumetopoea |
Вид: | T. pityocampa |
Научен назив | |
Thaumetopoea pityocampa (Denis & Schiffermüller, 1775) |
Боров четник (Thaumetopoea pityocampa) е молец на семејството Thaumetopoeidae. Видот за првпат е опишан од Михаел Денис и Игнац Шифермулер во 1775 година. Понекогаш сместен во родот Traumatocampa, тој е еден од најдеструктивните видови за боровите и кедрите во Средна Азија, Северна Африка и земјите од јужна Европа.[1] Влакната на гасениците предизвикуваат лоши реакции кај луѓето и кај другите цицачи. Видот е познат по однесувањето на неговите гасеници, кои се надвиснуваат во гнезда слични на шатори на боровите дрвја, и кои продолжуваат низ шумата во колона еден зад друг, заштитени со нивните иритирачки влакна,[2] како што е опишано од францускиот ентомолог Жан Анри Фабр.
Животен циклус
[уреди | уреди извор]Иако повеќето молци од овој вид живеат само една година, некои на големи надморски височини или во северните области може да преживеат повеќе од две години. Возрасните единки ги положуваат своите јајца близу врвовите на боровите дрвја. По изведувањето, ларвата јаде борови иглички, и минува низ пет фази на развој. Во текот на зимата градат свилени гнезда. Околу почетокот на април, гасениците ги напуштаат гнездата во процесијата поради која е познат видот. Тие се закопуваат под земја, и излегуваат на крајот на летото.[3]
Јајцата се цилиндрични, од 4 до 5 см во должина, покриени со нешто налик на борови пупки.[3]
Ларвата е голем шумски штетник и живее во заедница обично во боровите дрвја, но повремено во кедар или ариш, марширајќи ноќе во една линија (оттука и општо име) за да се храни со боровите иглички. Честопати има неколку такви заедници во едно дрво. Кога се подготвени за следната фаза, ларвите маршираат на вообичаениот начин кон тлото, каде што се распрснуваат да ја поминат куклената фаза поединечно.[4]
Боров четник е високо социјален организам. За време на неговиот животен циклус, ќе направи неколку засолништа. Првото од овие е привремено, но третото е трајно гнездо. Откако ќе се изгради нивното трајно гнездо, гасениците престојуваат во близина на гнездото. Гнездото нема отвори, па гасениците влегуваат низ слоевите на засолништето. Отпадот од исхраната на ларвите се акумулира на дното на гнездото.[4]
Влијание врз шумите
[уреди | уреди извор]Гасеницата на боровиот четник е одговорна за поголемиот дел од уништувањето на дрвјата во јужна Европа.[5] Иако боровите се најподложни на гасеницата, други дрвја како што е ариш се исто така ранливи. Гасениците можат целосно да ги уништат дрвјата ако се присутни во голем број.[6]
Одбрана против грабливци
[уреди | уреди извор]Кон крајот на нивниот развој како ларви, гасениците на боровиот четник се многу иритирачки за кожата. Контактот со влакната на гасеницата може да предизвика сериозни осип (уртикарија) и иритација на очите. Некои лица може да имаат алергиска реакција на влакната на гасеницата.[4][7] Ларвите во петта фаза можат да ги испуштат влакната кога се загрозени или под стрес; влакната, кои имаат форма на харпуни, потоа продираат и иритираат во сите области на изложената кожа.[8] Алергиските реакции може да следат кај лица подложни на последователна изложеност на влакната.
Природни контроли
[уреди | уреди извор]Боровиот четник е економски штетник на зимзелените шуми во јужна Европа. Тој е контролиран до одреден степен од грабливци, паразити и вируси кои го напаѓаат молецот во фазите од неговиот животен циклус:[8]
- Јајцата ги јаде штурецот Ephippiger ephippiger.[8]
- Ларвите ги јадат птици како што се: голема сипка и цуцулеста кукавица.
- Ларвите се ги јадат некои оси (Ichneumonidae, Braconidae) и некои видови муви (Tachinidae).
- Во куклената фаза ги јаде пупунец.
- Возрасните ги јадат лилјаци.
- Ларвите можат да бидат заразени од вирусот Smithiavirus pityocampae.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kerdelhué, Carole; Zane, Lorenzo; Simonato, Mauro; Salvato, Paola; Rousselet, Jérôme; Roques, Alain; Battisti, Andrea (2009). „Quaternary history and contemporary patterns in a currently expanding species“. BMC Evolutionary Biology. 9 (1): 220. doi:10.1186/1471-2148-9-220. ISSN 1471-2148. PMC 2753568. PMID 19732434.
- ↑ „FMV“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 28 July 2007. Посетено на 21 June 2013.
- ↑ 3,0 3,1 „Pest profile: pine processionary moth“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 4 March 2016. Посетено на 2 July 2013.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Fitzgerald, T. D. "Social Caterpillars" http://web.cortland.edu/fitzgerald/
- ↑ Li, S.; Daudin, J.J.; Piou, D.; Robinet, C.; Jactel, H. (9 June 2015). „Periodicity and synchrony of pine processionary moth outbreaks in France“. Forest Ecology and Management. 354: 309–317. doi:10.1016/j.foreco.2015.05.023.
- ↑ GB, Forestry Commission. „Pine processionary moth - Tree pests and diseases“. www.forestry.gov.uk. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2016-03-01.
- ↑ „Fabre, J-H. (1916) ''The Life of the Caterpillar''. Chapter VI. The Pine Processionary: The Stinging Power“. Efabre.net. Архивирано од изворникот на 9 July 2013. Посетено на 2013-05-08.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Bonnet, Catherine and Jean-Claude Martin and René Mazet (August–October 2008). „La Processionnaire du Pin“ (PDF). Stantari No. 14. INRA. стр. 29–33. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-13. Посетено на 29 December 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Pine processionary“ на Ризницата ? |
„Thaumetopoea pityocampa“ на Викивидовите ? |
- Kimber, Ian. „71.002 BF2021 Pine Processionary Thaumetopoea pityocampa ([Denis & Schiffermüller], 1775)“. UKMoths. Посетено на 4 July 2019.
- Мрежно место INRA: Processionnaire du pin (на француски)
- Дивиот свет во Франција: Боров четник
- https://orugaprocesionaria.org/ Архивирано на 20 мај 2020 г. (на шпански)
|