Ајде пукна пушка

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Ајде пукна пушка“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина4:09 (Никола Бадев)
Композитор(и)непознат

„Ајде пукна пушка“македонска народна песна, напишана од непознат автор. Песната е посветена на кавадаречкиот комита Лазо Ридов - Асијата (1885-1911) кој дејствувал во Кавадаречко во Илиденскиот и Поилинденскиот перид. Песната има ајдутски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Ајде пукна пушка
во чикма одаја,
ајде пукна пушка
во чикма одаја.

Ајде, го удари
најдобриот јунак,
ајде го удари,
Лазо Асијата.

Ајде викна, писна,
најдобриот јунак,
ајде викна, писна
Лазо Асијата.

- Ајде немам мајка
рани да преврзе,
ајде немам сестри
крпи да исперат.

Ајде јас си имам
до два мили браќа,
они ќе си вратат
братовата крвца.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]