Xenacoelomorpha

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Xenacoelomorpha
Proporus sp.png
Proporus sp.
Научна класификација
Домен: Еукариоти
Царство: Животни
Колено: Xenacoelomorpha
Потколена

Xenacoelomorphaколено на мали и многу едноставни двострани животни, во кое спаѓаат потколената Xenoturbellida и Acoelomorpha. Првичната причина за заедничко групирање на овие две групи биле морфолошките синапоморфии,[1] кои подоцна биле потврдени со филогеномски анализи на молекуларни податоци.[2][3] Xenacoelomorpha еволуирале како сестрински клад на Nephrozoa.

Филогенетика[уреди | уреди извор]

Кладот Xenacoelomorpha, во кој се групирани Acoelomorpha и родот Xenoturbella, бил откриен со помош на молекуларни истражувања.[2] Првично се сметало дека кладот припаѓа на второусните (деутеростоми),[3] но поновите анализи на транскриптомот заклучиле дека тој е всушност сестринска група на кладот Nephrozoa, кој ги опфаќа второусните заедно со првоусните (протостоми). Од овие причини Xenacoelomorpha се смета за најбазалниот клад на двостраните животни.[4][5]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Кај сите припадници на Xenacoelomorpha недостасува типичен стоматогастричен систем, односно, тие немаат вистински гастроинтестинален систем. Кај Acoela, устата се отвора директно во голем ендодермален синцитиум, додека кај Nemertodermatida и Xenoturbellida постои вреќесто „црево“ кое е обложено со слој на клетки без трепки.[6]

Нервниот систем е базиепидермален, односно, се наоѓа веднаш под епидермисот. Кај Xenoturbellida тој се состои од едноставна нервна мрежа, без каква било посебна концентрација на неврони, додека кај Acoelomorpha тој се состои од серија на лонгитудинални (надолжни) снопови кои се обединуваат во предниот регионот со прстенеста комисура, која има варијабилна комплексност.[7]

Сетилните органи ги вклучуваат статоцистот и, кај некои групи, две едноклеточни оцели.[6][7]

Епидермисот на сите припадници на Xenacoelomorpha поседува трепки (цилии). Трепките се изградени од збир на девет пара на периферни микротубули и еден или два централни микротубули (9+1 и 9+2, соодветно). Паровите 4-7 завршуваат пред врвот, градејќи структура која се нарекува „полица“.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lundin, K. The epidermal ciliary rootlets of Xenoturbella bocki (Xenoturbellida) revisited: new support for a possible kinship with the Acoelomorpha (Platyhelminthes). „Zoologica Scripta“ том  27 (3): 263–270. doi:10.1111/j.1463-6409.1998.tb00440.x. 
  2. 2,0 2,1 Hejnol, A.; Obst, M.; Stamatakis, A.; Ott, M.; Rouse, G. W.; Edgecombe, G. D.. Assessing the root of bilaterian animals with scalable phylogenomic methods. „Proceedings of the Royal Society B: Biological Sciences“ том  276 (1677): 4261–4270. doi:10.1098/rspb.2009.0896. PMID 19759036. 
  3. 3,0 3,1 Philippe, H.; Brinkmann, H.; Copley, R. R.; Moroz, L. L.; Nakano, H.; Poustka, A. J.; Wallberg, A.; Peterson, K. J.; и др. (10 февруари 2011 г). Acoelomorph flatworms are deuterostomes related to Xenoturbella. „Nature“ том  470 (7333): 255–258. doi:10.1038/nature09676. PMID 21307940. Bibcode2011Natur.470..255P. 
  4. Perseke, M.; Hankeln, T.; Weich, B.; Fritzsch, G.; Stadler, P.F.; Israelsson, O.; Bernhard, D.; Schlegel, M. (август 2007 г). The mitochondrial DNA of Xenoturbella bocki: genomic architecture and phylogenetic analysis. „Theory Biosci“ том  126 (1): 35–42. doi:10.1007/s12064-007-0007-7. PMID 18087755. http://www.bioinf.uni-leipzig.de/Publications/PREPRINTS/07-009.pdf. 
  5. Cannon, J.T.; Vellutini, B.C.; Smith, J.; Ronquist, F.; Jondelius, U.; Hejnol, A. (4 февруари 2016 г). Xenacoelomorpha is the sister group to Nephrozoa. „Nature“ том  530 (7588): 89–93. doi:10.1038/nature16520. PMID 26842059. Bibcode2016Natur.530...89C. http://urn.kb.se/resolve?urn=urn:nbn:se:nrm:diva-1844. 
  6. 6,0 6,1 Achatz, Johannes G.; Chiodin, Marta; Salvenmoser, Willi; Tyler, Seth; Martinez, Pedro (јуни 2013 г). The Acoela: on their kind and kinships, especially with nemertodermatids and xenoturbellids (Bilateria incertae sedis). „Organisms Diversity & Evolution“ том  13 (2): 267–286. doi:10.1007/s13127-012-0112-4. ISSN 1439-6092. PMID 24098090. 
  7. 7,0 7,1 Perea-Atienza, E.; Gavilan, B.; Chiodin, M.; Abril, J. F.; Hoff, K. J.; Poustka, A. J.; Martinez, P.. The nervous system of Xenacoelomorpha: a genomic perspective. „Journal of Experimental Biology“ том  218 (4): 618–628. doi:10.1242/jeb.110379. ISSN 0022-0949. PMID 25696825. 
  8. Franzen, Ake; Afzelius, Bjorn A. (јануари 1987 г). The ciliated epidermis of Xenoturbella bocki (Platyhelminthes, Xenoturbellida) with some phylogenetic considerations. „Zoologica Scripta“ том  16 (1): 9–17. doi:10.1111/j.1463-6409.1987.tb00046.x. ISSN 0300-3256.