Tesla

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Компанијата Tesla (основана како Tesla Motors) е регистрирана на 1 јули 2003 година од страна на Мартин Еберхард и Марк Тарпеннинг. Во февруари 2004 година тројцата основачи привлекле инвестиции во износ од 7,5 милиони американски долари, при тоа Илон Маск вложил 6,5 милиони долари. Маск станал претседател на советот на директори и го назначил Еберхард за генерален директор.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Прототиповите на првиот автомобил Tesla ѝ биле официјално претставени на публиката на 19 јули 2006 година во Санта Моника (Калифорнија).[2]

Во 2006 година Маск успеал да привлече 100 милиони долари. Како резултат на тоа Tesla го започнала производството на нејзиниот прв модел Roadster во 2008 година.[3]

Во јануари 2010 година Tesla добила заем од Министерството за енергетика на САД во износ од 465 милиони долари, кој компанијата го вратила во целост во 2013 година.[4]

Во мај 2010 година Tesla ја започнала изградбата на фабриката во Фримонт (Калифорнија) за производство на Model S.[5]

На 29 јуни 2010 година Tesla ја започнала првата јавна понуда на акции (IPO) на NASDAQ и привлекла 226 милиони долари, станувајќи прва автомобилска компанија која направила IPO, по Ford Motor во 1956 година.[[6]

Во јуни 2012 година Tesla го започнала производството на нејзиниот втор автомобил — Model S. Во јули 2017 година Tesla започнала со продажба на седанот Model 3.[7]

На 14 март 2019 година е претставен новиот електромобил Tesla Model Y.[8]

Во ноември 2020 година Tesla, Uber и уште 26 американски компании ја основале организацијата Zero Emission Transport Association (ZETA), која ќе лобира за зголемување на бројот на електромобили во САД.[9]

На 25 октомври 2021 година капитализацијата на компанијата надминала 1 трилион долари.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „History of Tesla: Timeline and Facts“. thestreet.com. Посетено на 2021-12-30.
  2. „Zero to 60 in 4 Seconds, Totally From Revving Batteries“. nytimes.com. Посетено на 2021-12-30.
  3. „Electric Car Evolution“. cleantechnica.com. Посетено на 2021-12-30.
  4. „Tesla gets loan approval from US Department of Energy“. tesla.com. Посетено на 2021-12-30.
  5. „Idle Fremont Plant Gears Up for Tesla“. wsj.com. Посетено на 2021-12-30.
  6. „Growth Of Tesla Guide“. comparebrokers.co. Посетено на 2021-12-30.
  7. „Everything you need to know about Tesla Model 3, which is starting production“. theverge.com. Посетено на 2021-12-30.
  8. „Tesla unveils Model Y electric SUV with 300 miles range and 7-seats“. electrek.co. Посетено на 2021-12-30.
  9. „Clean Transportation Leaders Launch Zero Emission Transportation Association“. prnewswire.com. Посетено на 2021-12-30.
  10. „Tesla breaks $1tn valuation barrier after Hertz orders 100,000 vehicles“. theguardian.com. Посетено на 2021-12-30.