Прејди на содржината

Tenthredo trabeata

Од Википедија — слободната енциклопедија
Tenthredo trabeata
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. trabeata
Научен назив
Tenthredo trabeata
Klug, 1814

Tenthredo trabeata е палеарктички вид растителна оса.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на оваа оса е Средна Европа, претежно во планинските региони. Во Македонија се среќава во Маврово.[1]

Биологија

[уреди | уреди извор]

Возрасните единки достигнуваат должина од 11-14 милиметри. Главата им е црна, основата на мандибулите жолти. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата црни. Нозете црни до колена со жолти дамки на предните делови.[1]

Ларвите се развиваат во периодот од јули до август, а возрасните форми се среќаваат од мај до август.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 212