Прејди на содржината

Tenthredo procera

Од Википедија — слободната енциклопедија
Tenthredo procera
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Hymenoptera
Подред: Symphyta
Натсемејство: Tenthredinoidea
Семејство: Tenthredinidae
Род: Tenthredo
Вид: T. procera
Научен назив
Tenthredo procera
Klug, 1814

Tenthredo procera е палеарктички вид растителна оса.

Живеалиште

[уреди | уреди извор]

Географската распространетост на оваа оса е Средна Европа.[1]

Биологија

[уреди | уреди извор]

Возрасните единки достигнуваат должина од 11-13 милиметри. Главата им е црна, мандибулите бели. Градите се црни, тегулите црвеникави, крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата кафеави.[1] Нозете се црвени, абдоменот наполно црн.[1]

Ларвата има 22 нозе и светлосивкава боја, од горната страна темнокафеава со бела средна линија. Ларвите се развиваат во периодот од јули до август, а возрасните форми се среќаваат од мај до јули.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 211