T.I.

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
T.I.
Биографски податоци
Роден(а)септември 25, 1980
ЖанровиРап, Трап
ЗанимањаРапер
ИздавачиGrand Hustle, Roc Nation (сегашни), Atlantic, Arista, Columbia. (поранешни)
Мреж. местоtipaperwork.com

Клифорд Џозеф Харис Џуниор (Clifford Joseph Harris Jr.) (роден 25 септември 1980) попознат по неговото сценско име T.I. или T.I.P, e американски рапер и глумец од Атланта, Џорџија. Харис потпишал за својата прва музичката куќа во 1999, попозната како Arista. Во 2001 Харис ја формирал својата група со неколку пријатели од Атланта наречена P$C. За времето дур бил потпишан во Arista продажбата на дебитантскиот албум не била добра и бил отпуштен од музичката куќа. По отпуштањето, Харис потпишува за Atlantic, и воедно, во 2003 ја создава своја музичка куќа наречена Grand Hustle. Харис е познат по тоа што го популаризирање поджанрот од хип-хоп наречен трап, воедно со своите колеги Young Jeezy и Gucci Mane. Харис има издадено девет студиски албуми, од кој 7 од нив постигнале успех на Billboard 200 chart. Во 2009, Харис беше приведен од страна на полицијата поради поседување на нелегално оружје, и тој служел 11 месеци затвор за тоа. Тој има стартувано во филмовите ATL, Ant-Man, Get Hard, Takers, American Gangster, и други. Харис има сопствено ТВ шоу со својата жена Tameka "Tiny" Cottle, наречено "T.I. and Tiny: The Family Hustle", во кое се работи за секојдневниот негов живот. Во 2009, Billboard го рангираше како 27 најдобар артист од 2000-те.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Клифорд Џозеф Харис е роден на 25 септември 1980 во Атланта, Џорџија. Харис почнал да рапува уште од својата 8 година. Како тинејџер, тој продавал дрога. Веќе на свои 14 години, тој веќе бил приведуван неколкупати. Неговото сценско име потекнува од својот прекар како дете „Tip“. Во 1996, тој се здружил со својот другар Big Kuntry King, и почнале да продаваат сопствени цедиња(ЦД) од својот багажник. Кога потпишал за Arista, тој го скратил сопственото име од Tip на T.I. поради друг артист на истата музичка куќа, наречен Q-Tip.

Прв албум (1999-2002)[уреди | уреди извор]

Првиот албум на T.I., наречен I'm Serious, беште пуштен во продажба на 21 септември 2001 година преку Arista. На албум гостуваат неговите другари/неговата група P$C, Jazze Pha, Too Short, Lil Jon, Bone Crusher, YoungBloodZ, Pastor Troy, и Pharell Williams. Иако сите овие рапери гостувале на неговиот албум, албумот немал добра продажба, и поради тоа е отпуштен од Arista.

Втор и трет албум (2003-2005)[уреди | уреди извор]

T.I. во 2003 потпишува за Atlantic, и почнува да работи на својот втор студиски албум Trap Muzik. Албумот е пуштен во продажба на 19 август 2003, преку сопствената музичка куќа, со помош на Atlantic. Албумот во својата прва недела докачил 109.000 копии. На албумот гостуваат многу познати рапери од Југот на Америка, попознат како Dirty South, вклучувајќи ги и: 8Ball & MJG, Jazze Pha, Bun B, Mac Boney, и воедно е продуциран од Кање Вест, Jazze Pha, [[David Banner]], и неговиот главен продуцент DJ Toomp, кој е долгогодишен колега на Харис. Овој албум на Харис е еден од неговите најпознати, и тој е рангиран на многу високи места во историјата на хип-хопот и трапот. Complex го рангираше на 5 место како најдобар албум што некогаш бил издаден од страна на артист од Југот на Америка.

Својот трет албум, наречен "Urban Legend" го издал на 30 ноември 2004, поради тоа што бил на пробација поради случај на продавање дрога од 1998. Во својата прва недела, албумот продал во 193.000 копии. На овој албум гостувале: Nelly, B.G., Mannie Fresh, Lil Kim, Daz Dillinger, неговата група P$C, а продукцијата била предводена од DJ Toomp, Daz Dillinger, Scott Storch, Jazze Pha, и останати.

Четврт албум „King“ и ATL[уреди | уреди извор]

Неговиот четврт албум наречен King, е пуштен во продажба на 28 март 2006, од кој воедно песните биле создадени за сопствениот филм наречен ATL, во кој тој глуми главна улога. Овој албум е негов најпродаван воопшто во неговата кариера, стартувајќи со 522.000 продадени копии во првата недела. Песната "What You Know" му ја донесе првата Греми Награда од истиот албум.

2007: Петти албум, приведување за недозволено оружје[уреди | уреди извор]

Неговиот петти албум наречен "T.I vs T.I.P." беше пуштен во продажба на 3 јули 2007, во кој се работи за неговиот живот под името Tip, и друга страна, од кој кога го сменил името, наречена T.I.

На 13 октомври 2007 пред почеток на BET Awards, тој е уапсен за поседување на 3 нелиценцирани автоматски оружја, и два пиштоли. На него му е дадена пробација од кој требало да живее две години во една од неговите куќи, од кој само дозволени посетители биле неговите деца и неговата девојка.

2008-09 Paper Trail и затворска казна[уреди | уреди извор]

Додека бил под апс дома, Харис почнал да пишува текстови за неговиот шести албум "Paper Trail". Неговиот најпознат сингл до ден денес е "Whatever You Like", и бил главен сингл на овој албум. Синглот е пуштен во продажба во јули 2008. Овој албум е пуштен во продажба во септември 2008.

На 27ми март 2009, Харис е осуден на една година и еден ден во затвор, поради нелегалните оружја, и плус да плати 100,300 долари. Тој започна со отслужување на својата казна на 26 мај 2009. На 28 март 2010, тој е пуштен од затвор, и е на слобода. Но, повторно на 1 септември 2010 година, тој е претресен, и уапсен за дрога, и прекршување на својата дозвола за пробација, и поради тоа, тој повторно оди во затвор, овој пат на 11 месеци.

2010-2014[уреди | уреди извор]

Харис е пуштен од затвор по вторпат, и тој се враќа во студио, да го доврши својот следен албум наречен "King Uncaged" од кој од кога е пуштен, тој е преименуван во No Mercy. Албумот е пуштен во продажба на 7 декември 2010. Албумот во првата недела продал околу 500.000 копии. На албумот гостувале: Еминем, Кање Вест, Крис Браун, Скарфејс, и други.

Неговиот осми албум е наречен Trouble Man: Heavy Is The Head, од кој името го добил по еден од своите прекари. Тој е пуштен во продажба на 18 декември 2012. На албумот гостувале: Мееk Mill, Andre 3000, Asap Rocky и други.

Во 2014 го издава својот деветти албум, наречен Paperwork. Тој е пуштен во продажба овој пат под неговата музичка куќа и Columbia. Во првата недела, албумот продал околу 80.000 копии.

Неговиот последен албум е The Dime Trap.