Reverse Ajax

Од Википедија — слободната енциклопедија

Reverse Ajax, кратенка за Reverse (обратен) Asynchronous JavaScript и XML, е интернетна развојна техника за создавање на интерактивни прилози. Намерата е мрежните страници да се направат подинамички со обезбедување на информации во реално време на самата страница. Значи зголемување на интерактивноста, брзината и ефикасноста.

Слично како и DHTML, LAMP, Ajax и SPA, Reverse Ajax не е технологија сама за себе, туку е само термин кој кажува дека се користат повеќе технологии заедно. Тие технологии се:

  • AJAX за манипулација на податоците од страната на клиентот на едноставен и интерактивен начин, како и пренос на податоците помеѓу опслужувачот и клиентот.
  • Технологија за гурање на податоците од опслужувачот кон прелистувачот.
  • Комет, врската помеѓу опслужувачот и клиентот се чува отворена, со постепено симнување на страницата во некоја невидлива рамка.
  • Piggyback, се додаваат дополнителни податоци во текот на нормалната клиент-опслужувач интеракција.
  • Polling, клиентот постојано го храни (поставува упити) опслужувачот.

Reverse Ajax е различен од Ajax, тоа е пакет на технологии за гурање (анг. pushing) на податоците од опслужувачот кон клиентот. Овие технологии се засноваат на Ajax технологиите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Статии
Имплементации