RJ45

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
RJ45

RJ45 е тип на стандардизиран приклучок. Овој вид на приклучок има физички машки и женски тип на поврзувач. Жиците или пиновите на овој кабел се предодредени приклучок во телефонијата. Основниот „RJ45“ користи „8P2C“ модулатор за приклучок, што значи користи 2 пина. Исто така овој кабел се користи за поврзување со модеми.

Пред името „RJ45“ да се користи за компјутерски приклучок, ова име било стандард во телефонијата. Поделбата на пиновите, која е дел од „RJ45“ стандардот, им била позната на телефонските инсталери кои ги поврзувале телефоните со овој приклучок. Приближно идентичните физички својства на компјутерските приклучоци и овој „RJ45“ приклучок, довело до тоа „RJ45“ да стане стандард и во компјутерските мрежи.

Единствената разлика меѓу телефонскиот и компјутерскиот „RJ45“ поврзувач е присуството на дополнителни спроводници во кабелот, кои не можат да се видат без внимателно набљудување. Телефонскиот „RJ45“ поврзувач има „8P2C“ варијанта на каблите, што значи дека само 2 кабли се спроводници, компјутерскиот пак „RJ45“ поврзувач е „8P8C“, со тоа што сите 8 кабли се користат.

Денес, овој приклучок се дефинира како еден од приклучоците за поврзување на компјутерски мрежи преку кабел.