Pachyprotasis simulans
Pachyprotasis simulans | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Подред: | Symphyta |
Натсемејство: | Tenthredinoidea |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Pachyprotasis |
Вид: | P. simulans |
Научен назив | |
Pachyprotasis simulans (Klug , 1814) |
Pachyprotasis simulans е палеарктички вид на растителна оса.
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Географската распространетост на оваа оса е: Средна и Северна Европа, Сибир и Кина. Се среќава и во Македонија собран во Галичица.[1]
Биологија
[уреди | уреди извор]Возрасните единки достигнуваат должина од 6,5-7,5 милиметри. Главата е белузлава на горната страна со црна темена дамка, антените се црни. Градите се од долната страна бели со коса црна линија, горната страна црна. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата се кафеави. Абдоменот е црн од горната страна, од долната белузлав.[1] Нозете се белузлави, а предните со црни линии, на задните нозе коксите се бели со црни дамки од страните.[1]
Ларвите достигнуваат должина од 17 мм, телото им е синкавозелено или светлозелено. Тие се развиваат во текот на јули. А возрасните форми се среќаваат во текот на мај-јуни[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 220
|