GLOBE

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

Програмата за глобално учење и набљудувања во корист на животната средина позната по англиската кратенка GLOBE е светска програма за наука и образование која се фокусира на животната средина, сега активна во над 120 земји во светот. [1] Работи на промовирање на наставата и учењето на науката, подобрување на еколошката писменост и управување и промовирање на научни откритија. Учениците и наставниците собираат податоци и вршат истражувања во соработка со научници од бројни меѓународни агенции, а нивната работа е достапна преку мрежната траница. [2]

Позадина[уреди | уреди извор]

Програмата GLOBE се обидува да ги научи младите ученици на експериментални вештини користејќи вистински експерименти и опрема. Учениците, наставниците и научниците соработуваат во единствена глобална мрежа за учење. [3]

Програмата е сместена од Универзитетската корпорација за атмосферски истражувања во Болдер, Колорадо, и истата е спонзорирана од НАСА [4] , Националната управа за океани и атмосфера и Националната научна фондација, [5] преку меѓуагенциски договор потпишан во 1998 година. [6]

Мисија[уреди | уреди извор]

Мисијата на програмата GLOBE е да го промовира наставата и учењето на науката, да ја подобри писменоста и управувањето со животната средина и да промовира научни откритија.

Потопно, некои од целите вклучуваат:

  • Подобрување на постигнувањата на учениците низ наставната програма со фокус на истражувањето во науката за животната средина и системите за Земјата;
  • зголемување на свеста и активностите за поддршка на поединците ширум светот во корист на животната средина;
  • продонесување кон научното разбирање на Земјата како систем;
  • поврзување и инспирирање на следната генерација глобални научници;

Историја[уреди | уреди извор]

  • 1995: Програмата GLOBE ја започнал поранешниот американски потпретседател Ал Гор на Денот на планетата Земја, 22 април [7]
  • 1997: Конференција на наставниците GLOBE одржана во САД
  • 1998 година: 1-та GLOBE експедиција одржана во Финска
  • 2000: 2. експедиција одржана во САД
  • 2003: 53 протоколи низ атмосферата, биосферата, хидросферата и почвата
  • 2003: 3. експедиција одржана во Хрватска
  • 2003: НАСА ја избрала Универзитетската корпорација за атмосферско истражување за да управува со Програмската канцеларија GLOBE
  • 2005: Ден на планетата Земја; GLOBE го прославува својот 10-ти роденден со 15.000 училишта во 106 земји
  • 2008: 4. експедиција одржана во Јужна Африка
  • 2009: 20 милиони податоци во глобалната база на податоци
  • 2011: Започнува студентска кампања за истражување на климата [8]
  • 2014: 1-ва регионална студентска истражувачка кампања за аеросоли, предводена од Европа и Евроазија;
  • 2014: 5 експедиција одржана во Индија
  • 2014: НАСА ја избрала Универзитетската корпорација за атмосферско истражување да работи со Канцеларијата за имплементација на GLOBE
  • 2015: Денот на планетата Земја, GLOBE го слави својот 20-ти роденден [9]
  • 2016: GLOBE обезбедува семрежна е-обука
  • 2016: Лансирање на апликацијата GLOBE Observer [10]
  • 2017: Податоците достигнуваат над 140 милиони мерења; Меѓународниот симпозиум за виртуелна наука се зголемува во бројот на поднесени проекти и светската застапеност и нов протокол за комарци
  • 2018: 6-то GLE одржано во Ирска

Придонес од научниците[уреди | уреди извор]

Членовите на меѓународната научна заедница се вклучени во дизајнот и имплементацијата на Програмата GLOBE. Научниците се вклучени во помагањето во изборот на мерења на животната средина на GLOBE, развивање мерни процедури и обезбедување на севкупна контрола на квалитетот на податоците.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „About“. GLOBE.gov. 2012-06-28. Посетено на 2013-03-20.
  2. globe.gov
  3. Baker, Amanda (19 September 2017). „The GLOBE Program: Making the Case for K–12 Citizen Scientists“. Scientific American Blog Network (англиски). Посетено на 26 March 2021.
  4. „Global Learning & Observations to Benefit the Environment“. Education.ssc.nasa.gov. 2012-01-30. Архивирано од изворникот на 2013-03-02. Посетено на 2013-03-20.
  5. „Funding - Global Learning and Observations to Benefit the Environment - US National Science Foundation (NSF)“. nsf.gov. Посетено на 2013-03-20.
  6. „Interagency Agreement“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2013-03-20.
  7. Nussbaum, Debra (June 4, 1998). „Global Weather Project Unites Students on Web“. New York Times.
  8. „SCRC“. GLOBE.gov. 2012-06-28. Архивирано од изворникот на 2012-07-01. Посетено на 2013-03-20.
  9. Howell, Elizabeth (22 April 2015). „How to Celebrate Earth Day 2015 with NASA“. Space.com (англиски). Посетено на 26 March 2021.
  10. Shepherd, Marshall. „How You And The Kids Can Use A Cellphone To Help NASA Study Clouds“. Forbes (англиски) (28 March 2018). Посетено на 26 March 2021.