Јагулолики

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Elopomorpha)
Прејди на: содржини, барај
Јагулолики
Anguilla anguilla.jpg
Обична јагула (Anguilla anguilla)
Научна класификација
Царство: Животно
Колено: Хордови
Класа: Зракоперки
Надред: Јагулолики
Редови

Elopiformes
Albuliformes
Notacanthiformes
Anguilliformes
Saccopharyngiformes

Јагулолики (науч. Elopomorpha) — група (надред) на целокоскени риби. Најраниот постембрионален развиток кај рибите од оваа група е претставен со проѕирна ларва наречена лептоцефалус (име кое означува "мала глава").

Монофилетското потекло на оваа група не е нашироко прифатено. Едни автори сметаат дека ларвата лептоцефалус не може да е карактеристика врз основа на која би се образувал еден таксон. Aнализите на rRNA би можеле да ја разрешат дилемата за тоа дали оваа група би можела да се смета за посебен таксон.

Ларвата лептоцефалус.

Систематика[уреди | уреди извор]

Во оваа група се наоѓаат четири реда, 24 фамилии, 156 рода и преку 850 вида.