ERepublik
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/e/eb/ERepublik.png)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/f/fa/ERepublikPocetna.png/220px-ERepublikPocetna.png)
еРепублик е масовна групна семрежна игра. Дизајнирана е од компанијата eRepublik Labs. Пуштена е на семрежјето на 21 октомври 2008 г, и е достапна бесплатно за сите корисници. Играта е сместена во измислен виртуелен свет каде играчот се става во улога на граѓанин на една држава (си бира која).
Изумители на играта се Алексис Бонте и Џорџ Лемнару.
Мрежното место освен на англиски е достапно на македонски, арапски, бугарски, бразилски, кинески, персиски, тајвански, германски, шпански, хрватски, грчки, француски, полски, португалски, романски, руски, словенски, албански, српски, турски, украински и индонезиски јазик.
Преглед на играта
[уреди | уреди извор]![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/0/08/%D0%95%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0.png/220px-%D0%95%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BA%D0%B0.png)
Се работи за онлајн игра која што ви овозможува со регистрација да се поврзете со илјадници други вистински играчи од различни земји. Почнувате така што си барате работа, се вработувате, и треба да работите секој ден. Играта на граѓаните им овозможува да се вклучат во локални или национални политички партии, економија, војни со соседите, помагање на сојузниците и друго. Во оваа игра можете да бидете успешен стопанственик, да бидете успешен новинар, да бидете претседател , да бидете конгресмен, да освoјувате многу медали, да се зачлените во паравоена/воена единица и др. Освен поединечната цел, граѓаните помагаат во зајакнувањето на нивната земја со разни освојувања и зајакнување на економијата.
Играта има голема популарност во светот, со околу 200 000 регистрирани профили.