Dolerus germanicus
Dolerus germanicus | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Потколено: | Hexapoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Hymenoptera |
Семејство: | Tenthredinidae |
Род: | Dolerus |
Научен назив | |
Dolerus germanicus Јохан Христијан Фабрициј, 1775 |
Dolerus germanicus е вид на растителна оса од родот Dolerus.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Главата црна, градите, пронотумот, тегулите и мезонотумот се скоро наполно црвени. Понекогаш скутелумот може да биде делумно црн. Мезоплеурите црни. Крилата на црвеникаво затемнети. Нозете црвеникави, најчесто на задните фемури и тибии. Абдоменот жолт и првиот тергит црн. Мажјакот покрај главата и градите црни. Абдоменот на двата краја црн, во средината од вториот до петтиот сегмент црвен. Другите делови на телото како и кај женската форма.
Ларвите достигнуваат должина 16-20 мм. Нивната глава одгоре портокалова, од предната страна белузлава. Телото еднобојно светлозелено, кај постарите ларви со црвеникава нијанса. Стигмите светлокафеави. Се среќаваат во текот на јуни и јули на растенија од родот на Equisetum.[1]
Возрасните единки достигнуваат должина од 9-10 мм.
Живеалиште
[уреди | уреди извор]Географската распространетост на овој вид оса е Европа, умерениот појас на Азија до Камчатка и Северна Америка. Во Македонија видот се среќава на повеќе места.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 81
|