DAX

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

DAX (Deutscher Aktienindex) — е еден од најважните фондовски индекси во Германија. Индексот се пресметува како средна вредност на капитализација на цените на акциите на 40 најголеми акционерски компании во Германија. DAX претставува еквивалент на британскиот FTSE 100 и на американскиот индекс Доу Џонс.

DAX бил создаден на 1 јули 1988 година,неговата почетна вредност изнесувала 1000 поени.[1] Индексот гго пресметува команијата Deutsche Börse AG.

На 24 ноември 2020 година Deutsche Börse го објавила проширувањето на составот на индексот со десет дополнителни компоненти со цел поцелосно одразување на современата структура на економијата на Германија. Проширувањето било реализирано во 3-от квартал на 2021 година.[2]

Пресметување на индексот[уреди | уреди извор]

Од јаннуари 2016 година индексот се пресметува за секој ден на тргување од 9:00 наутро по Средноевропско време. При пресметувањето на DAX се користат цените на акциите на електронската берза XETRA.[3]

За пресметувањето кое е засновано на формулата на Етјен Ласпејрес, цените на акциите на избраните компании од листата се определуваат во согласнност со нивната пазарна капитализација.[4]

Се земаат во предвид само акции кои се наоѓаат на во слободен промет. Ако капиталот на компанијата е поделен на неколку типа на акции (на пример, обични акции и привилегирани акции), се користи типот на акции кој има повисока ликвидност.[5]

Критериуми за избор[уреди | уреди извор]

Од септември 2021 година компаниите имаат право на вклучување во DAX само по еден основен критериум – пазарната капитализација на акционерското друштво.[6] Се зема во предвид збирната вредност на сите акции кои се наоѓаат во слободен промет, а не во рацете на стратегиските инвеститори. Другите поранешни критериуми како на пример активноста на трговијата со овие хартиии, отпаднале.

Дополнително воведен е нов строг услов: кандидатите за DAX 40 треба најмалку две годдини да работат со добивка а исто така и редовно да доставуваат не само годдишни и полугодишни туку и кварталнни извештаи, кои поминале одредена постапка на ревизија.[7]

Акцијата може да биде исклучена од индексот меѓу датумите на ребалансирање ако нејзината тежина надминува 10%, а 30-дневната историска волатилност на цената на акцијата надминува 250%.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Looking back on 30 years of DAX“. dw.com. Посетено на 2022-02-04.
  2. „DAX Stock Index“. investopedia.com. Посетено на 2022-02-04.
  3. „Pulse Online: DAX Index Grows to 40 Constituents – Looking at Impact on Market Cap and Liquidity“. xetra.com. Посетено на 2022-02-04.
  4. „DAX“. memim.com. Посетено на 2022-02-04.
  5. „DAX – benchmark and barometer for the German economy“. deutsche-boerse.com. Посетено на 2022-02-04.
  6. „DAX Technical Analysis“. comparebrokers.co. Посетено на 2022-02-04.
  7. „DAX with 40 constituents and additional criteria“. boerse-frankfurt.de. Посетено на 2022-02-04.
  8. „New DAX index rules to strengthen qualification criteria, adopt international standards“. qontigo.com. Посетено на 2022-02-04.