Бизнис циклус

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Business cycle)
Бизнис циклус со него специфични сили во четири фази според Малком Ц. Рорти, 1922

Терминот бизнис циклус (или економски циклус) се однесува на економско проширените флуктуации во производството, трговијата и економската активност во целина, во текот на неколку месеци или години, во една економија организирана врз основа на слободни-претприемачки принципи.

Бизнис циклусот ги претставува движењата нагоре и надолу на бруто-домашниот производ (БДП) и се однесува на периодот на експанзија и намалување на степенот на економски активности (бизнис флуктуации) околу својот тренд на долгорочен раст. Овие флуктации настануваат за време на долгорочниот тренд на раст, и обично вклучуваат смени со текот на времето, помеѓу периоди на релативно брз економски раст (експанзија или брз пораст) и периоди на релативна стагнација или пад (рецесија или економска криза).

Економските циклуси обично се мерат според стапката на раст на реалниот бруто-домашен производ. И покрај тоа што се нарекуваат циклуси, овие флуктации во економската активност може да се покажат како непредвидливи.

Историја[уреди | уреди извор]

Теорија[уреди | уреди извор]

Првата систематско покажување на периодичните економски кризи, наспроти постоечката теорија на економска рамнотежа, беше политиката на Жан Чарлс Леонард де Сисмонди “Nouveaux Principes d'économie politique“ од 1819 година. Пред таа точка, класичната економија или го негира постоењето на економски циклуси, ги обвинува надворешните фактори, особено војната, или само студирал долгорочно. Сисмонди нашол оправдување во неговото дело “Паника” од 1825 година, кое било првото неоспорливо дело за меѓународните економски кризи, кое се случува во време на мир.

Сисмонди и неговиот современик Роберт Овен, кој изразил слични но помалку систематични мисли во извештајот до Комитетот на асоцијацијата за помош на неквалитетното производство, во 1817 година, идентификувајќи ги и причината за економските циклуси како и хиперпродукцијата и намалената потрошувачка, предизвикани особено од страна на нееднаквото богатство. Како решенија тие ги застапувале владината интервенција и социјализам. Ова дело не појавило интерес помеѓу класичните економисти, иако теоријата за намалената потрошувачка се развила како неортодокасна гранка на економијата, сè додека не била систематизирана во кејнезијанската економија, во 1930-тите.

Теоријата на периодичните кризи на Сисмонди, беше развиена во теорија на наизменични циклуси од страна на Чарлс Данојер и слични теоретичари, кои покажуваат знаци на влијание од Сисмонди.

Периодичните кризи во капитализмот, формирани врз основа на теоријата на Карл Маркс, кој понатаму тврдел дека овие кризи ја зголемуваат својата сериозност и врз основа на кои, тој предвидел комунистичка револуција. Тој за кризите посветил стотици страници за во делото „Капиталот” од 1867 година (Das Kapital). Во делото „Прогрес и сиромаштија” (1879 година), Хенри Џорџ се фокусирал на улогата на земјата за време на криза, особено со манипулирањето со земјиштето – и како решение предложил единствен данок на земјиштето.

Во 1860 година, францускиот економист Клемент Југлар го утврдил присуството на економски циклуси долги од 8 до 11 години, иако тој бил претпазлив да не тврди какви било строги правилности. Подоцна, австрискиот економист Јозеф Шумпетер тврдел дека циклусот „Југлар” (Juglar) има четири фази: I експанзија (раст на производството и цените, ниски каматни стапки); II кризи (пад на берзите и банкротирање на повеќе претпријатија); III економска криза (пад на цените и производството, високи каматни стапки); IV опоравување (берзите се опоравуваат поради падот на цените и приходите). Во овој модел опоравувањето и просперитетот се поврзани со зголемувањето на продуктивноста, довербата на потрошувачите, вкупниот износ на побарувачката и цените.

Во средината на 20 век, Шумпетер и други економисти, предложиле типологија на економски циклуси, според нивната периодичност, па според тоа, голем број на одредени циклуси биле именувани според нивните откривачи или предлагачи.

  • Китчинскиот пронаоѓачки циклус од 3-5 години (по Џозеф Китчин);
  • Фиксниот инвестициски циклус Југлар од 7-11 години (често идентификуван како “економскиот циклус”);
  • Инфраструктурниот инвестициски циклус Кузнец од 15- 25 години (според Сајмон Кузнец исто така наречен градежен циклус);
  • Бранот Кондратиев или долг технолошки циклус од 50-60 години (по Николај Кондратиев).

Интересот за овие различни типологии на циклуси исчезнал со развојот на модерната макроекономија, која ѝ дава мала поддршка на идејата за редовни периодични системи.