Двострани животни

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Bilateria)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Двострани животни
Период: ЕдиакариумДенес
Animal diversity October 2007.jpg
Разновидност на двостраните животни
Научна класификација
Царство: Animalia
Потцарство: Eumetazoa
Нерангирано: ParaHoxozoa
Нерангирано: Bilateria
Колена
Синоними

Триплобласти Lankester, 1873

Двострани животни (науч. Bilateria) или триплобластиживотински организми со билатерална (двострана) симетричност на телото. Тие имаат глава (преден дел од телото) и опашка (заден дел од телото), како и грб (дорзален дел од телото) и стомак (вентрален дел од телото); затоа тие имаат и лева и десна страна на телото.[1]

Ова е голема група на животински организми и ги вклучуваат мнозинството на познати животински колена, освен сунѓерите, реброносците, плочкестите животни, и жаркарите. Ембрионите на двостраните животни се триплобластични (трослојни), и имаат три герминативни слоеви: ендодерм, мезодерм и ектодерм. Речиси сите се двострано симетрични, а единствен исклучок се иглокожите, кои како возрасни се радијално симетрични, но нивните ларви се двострано симетрични.

Освен неколку колена (на пример, сплесканите црви и Gnathostomulida), двостраните животни имаат целосен дигестивен систем со посебни уста и анус. Кај некои двостраните животни недостасуваат телесни празнини (ацеломати, во кои спаѓаат сплесканите црви, мешестотрепчестите црви и Gnathostomulida), додека други имаат примарни телесни празнини (кои произлегуваат од бластоцелот, како псевдоцеломи) или секундарни телесни празнини (кои се појавуваат de novo, на пример целомот).[2][3]

Телесна градба[уреди | уреди извор]

План на телото на идеализирано црволико двострано животно.

Најраните двострани животни биле црволики животни, а нивното тело може да се сфати како цилиндар со желудочна цевка (црево) во средината, која има два отвора - уста и анус. Околу желудочната цевка (стомакот) се наоѓа внатрешната телесна празнина, која може да биде целом или псевдоцелом. Животните со двострана симетричност имаат глава (преден крај) и опашка (заден крај), како и грб (дорзална страна) и стомак (вентрална страна); од овде произлегува дека тие исто така имаат лева страна и десна страна.[4][5]

Бидејќи овие животни имаат преден крај на телото, тоа значи дека овој дел од телото ќе биде најизложен на стимули, што од своја страна поттикнува цефализација, односно развој на глава со сетилни органи и уста.[6] Многу двострани животни имаат комбинација од циркуларни (кружни) мускули, кои го стеснуваат телото, што предизвикува издолжување, и лонгитудинални (надолжни) мускули, кои го скратуваат телото;[5] оваа комбинација им овозможува на животните со меки тела да се движат со перисталтика.[7] Тие, исто така, имаат и црево, кое се протега низ цилиндричното тело од устата до анусот. Многу колена на двострани животни имаат примарни ларви, кои пливаат со помош на трепки, и имаат апикален орган кој содржи сетилни клетки. Сепак, постојат исклучоци за секоја од овие карактеристики; на пример, возрасните иглокожи се радијално симетрични (за разлика од нивните ларви), а одредени паразитски црви имаат исклучително симплифицирана градба на телото.[4][5]

Еволуција[уреди | уреди извор]

Хипотетичкиот најскорешен древен заеднички предок на сите двострани животни е наречен „прадвострано (урбилатерално) животно“.[8][9] Природата на ова најрано двострано животно сѐ уште е тема на дебата. Една група на научници сметале дека ацеломатите се претци на сите други групи на двострани животни (планулоидна-ацелоидна хипотеза на Лудвиг фон Граф, Илија Мечников, Либи Химан и Луитфрид фон Салвини-Плавен), додека друга група на научници сметале дека првото двострано животно било целомат, а ацеломатите (сплесканите црви и мешестотрепчестите црви) секундарно ги изгубиле телесните празнини (архицеломатна хипотеза и нејзини варијации, како што се Gastrea на Ернст Хекел и Адам Сеџвик, Bilaterosgastrea на Карл Густав Јегерстен, и Trochaea на Нилсен).

Постојат фосилни остатоци на двострани животни од едиакариумот, а првиот bona fide фосил на двострано животно е Kimberella, за кој е одредено дека потекнува пред 555 милиони години.[10] Постарите фосили се контроверзни; фосилот Vernanimalcula може да претставува најраното познато двострано животно, но, исто така, може да претставува меур.[11][12] Познати се фосилни ембриони од времето на Vernanimalcula (580 милиони години), но ниту еден нема двострани афинитети.[13] Во Такуари формацијата, во Уругвај, пронајдени се мали јамички за кои се верува дека се стари најмалку 585 милиони години, а се верува дека нив ги направиле примитивни двострани животни со риење во песокот.

Филогенија[уреди | уреди извор]

Постојат две главни гранки, натколена, на двострани животни — второусни (деутеростоми, Deuterostomia) и првоусни (протостоми, Protostomia). Во второусните спаѓаат иглокожите, полухордовите животни, хордовите животни и неколку помали колена. Во првоусните спаѓаат членконогите, прстенестите црви, мекотелите, сплесканите црви и многу други колена. Постојат неколку значајни разлики помеѓу овие две натколена, а најголемата е начинот на кој им се развива ембрионот. Имено, кај првоусните, првиот отвор кој се формира на ембрионот се развива понатаму во уста, додека кај второусните првиот отвор се развива понатаму во анус. Во денешната таксономија признаени се најмалку две други натколена во склоп на првоусните, Ecdysozoa[14] (преслекувачи) и Spiralia.[14][15][16][17] Стреловидните црви (Chaetognatha) е клад кој досега бил најтежок за класификација, но неодамнешните студии го вклучуваат во Gnathifera.[18][19][20]

Подолу е прикажано најновото (2011 година) филогенетско дрво на двостраните животни, иако позициите на одредени кладови сѐ уште се контроверзни (испрекинати линии).[21][20][22][23][24] Знакот Mya означува милиони години, времето кое било потребно да одредени кладови дивергираат во други кладови.[25]

Planulozoa

Cnidaria Cauliflour Jellyfish, Cephea cephea at Marsa Shouna, Red Sea, Egypt SCUBA.jpg


Bilateria

Proarticulata


Xenacoelomorpha

Xenoturbellida Xenoturbella japonica.jpg


Acoelomorpha

Nemertodermatida



Acoela Proporus sp.png




Nephrozoa
Deuterostomia
Chordata

Cephalochordata Branchiostoma lanceolatum (Pallas, 1774).jpg


Olfactores

Urochordata Tunicate komodo.jpg



Craniata/Vertebrata Cyprinus carpio3.jpg




Ambulacraria

Echinodermata Portugal 20140812-DSC01434 (21371237591).jpg



Hemichordata Balanoglossus by Spengel 1893.png



Cambroernida





Saccorhytus coronarius




Vetulocystids



Vetulicolians Vetulicolia NT.jpg





Protostomia
Ecdysozoa

Nematoida

Nematoda CelegansGoldsteinLabUNC.jpg



Nematomorpha Paragordius tricuspidatus.jpeg





Loricifera Pliciloricus enigmatus.jpg


Panarthropoda

Onychophora Velvet worm.jpg


Tactopoda

Tardigrada Echiniscus L.png



Arthropoda Long nosed weevil edit.jpg






Scalidophora

Priapulida Priapulus caudatus 20150625.jpg



Kinorhyncha Pycnophyes zelinkaei.jpg




Spiralia
Gnathifera

Rotifera Bdelloid Rotifer (cropped).jpg



Chaetognatha Chaetoblack.png



Platytrochozoa

Platyhelminthes Sorocelis reticulosa.jpg


Lophotrochozoa

Mollusca Grapevinesnail 01.jpg



Annelida Polychaeta (no).JPG






Kimberella Kimberella NT.jpg






Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Brusca, Richard C. (2016). Introduction to the Bilateria and the Phylum Xenacoelomorpha | Triploblasty and Bilateral Symmetry Provide New Avenues for Animal Radiation. Sinauer Associates. стр. 345–372. ISBN 978-1605353753. http://www.sinauer.com/media/wysiwyg/samples/Brusca3e_Chapter_9.pdf. 
  2. „Probable ancestor of cephalochordates“ (PDF). PENICHEFOSSIL. конс. 9 January 2017. 
  3. „Ediacaran fauna worms“. Walter Jahn. конс. 9 January 2017. Suny Orange
  4. 4,0 4,1 Minelli, Alessandro (2009). Perspectives in Animal Phylogeny and Evolution. Oxford University Press. стр. 53. ISBN 978-0-19-856620-5. https://books.google.com/books?id=jIASDAAAQBAJ&pg=PA53. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Brusca, Richard C. (2016). Introduction to the Bilateria and the Phylum Xenacoelomorpha | Triploblasty and Bilateral Symmetry Provide New Avenues for Animal Radiation. Sinauer Associates. стр. 345–372. ISBN 978-1605353753. http://www.sinauer.com/media/wysiwyg/samples/Brusca3e_Chapter_9.pdf. 
  6. Finnerty, John R. (ноември 2005 г). Did internal transport, rather than directed locomotion, favor the evolution of bilateral symmetry in animals?. „BioEssays“ том  27 (11): 1174–1180. doi:10.1002/bies.20299. PMID 16237677. http://faculty.weber.edu/rmeyers/PDFs/Finnerty%20-%20symmetry%20evol.pdf. 
  7. Quillin, K. J. (мај 1998 г). Ontogenetic scaling of hydrostatic skeletons: geometric, static stress and dynamic stress scaling of the earthworm lumbricus terrestris. „The Journal of Experimental Biology“ том  201 (12): 1871–83. PMID 9600869. http://jeb.biologists.org/cgi/pmidlookup?view=long&pmid=9600869. 
  8. Knoll, Andrew H.; Carroll, Sean B. (25 јуни 1999 г). Early Animal Evolution: Emerging Views from Comparative Biology and Geology. „Science“ том  284 (5423): 2129–2137. doi:10.1126/science.284.5423.2129. PMID 10381872. 
  9. Balavoine, G.; Adoutte, Andre (2003 г). The segmented Urbilateria: A testable scenario. „Integrative and Comparative Biology“ том  43 (1): 137–147. doi:10.1093/icb/43.1.137. 
  10. Fedonkin, M. A.; Waggoner, B. M. (ноември 1997 г). The Late Precambrian fossil Kimberella is a mollusc-like bilaterian organism. „Nature“ том  388 (6645): 868–871. doi:10.1038/42242. Bibcode1997Natur.388..868F. 
  11. Bengtson, S.; Budd, G. (19 ноември 2004 г). Comment on 'small bilaterian fossils from 40 to 55 million years before the Cambrian'.. „Science“ том  306 (5700): 1291a. doi:10.1126/science.1101338. PMID 15550644. 
  12. Bengtson, S.; Donoghue, P. C. J.; Cunningham, J. A.; Yin, C.. A merciful death for the 'earliest bilaterian,' Vernanimalcula. „Evolution & Development“ том  14 (5): 421–427. doi:10.1111/j.1525-142X.2012.00562.x. PMID 22947315. http://urn.kb.se/resolve?urn=urn:nbn:se:nrm:diva-597. 
  13. Hagadorn, J. W.; Xiao, S.; Donoghue, P. C. J.; Bengtson, S.; Gostling, N. J.; Pawlowska, M.; Raff, E. C.; Raff, R. A.; и др. (13 октомври 2006 г). Cellular and Subcellular Structure of Neoproterozoic Animal Embryos. „Science“ том  314 (5797): 291–294. doi:10.1126/science.1133129. PMID 17038620. Bibcode2006Sci...314..291H. 
  14. 14,0 14,1 Halanych, K.; Bacheller, J.; Aguinaldo, A.; Liva, S.; Hillis, D.; Lake, J. (17 март 1995 г). Evidence from 18S ribosomal DNA that the lophophorates are protostome animals. „Science“ том  267 (5204): 1641–1643. doi:10.1126/science.7886451. PMID 7886451. Bibcode1995Sci...267.1641H. 
  15. Paps, J.; Baguna, J.; Riutort, M. (14 јули 2009 г). Bilaterian phylogeny: a broad sampling of 13 nuclear genes provides a new Lophotrochozoa phylogeny and supports a paraphyletic basal Acoelomorpha. „Molecular Biology and Evolution“ том  26 (10): 2397–2406. doi:10.1093/molbev/msp150. PMID 19602542. 
  16. Telford, Maximilian J. (15 април 2008 г). Resolving animal phylogeny: a sledgehammer for a tough nut?. „Developmental Cell“ том  14 (4): 457–459. doi:10.1016/j.devcel.2008.03.016. PMID 18410719. 
  17. The Invertebrate Animals
  18. Helfenbein, Kevin G.; Fourcade, H. Matthew; Vanjani, Rohit G.; Boore, Jeffrey L. (20 јули 2004 г). The mitochondrial genome of Paraspadella gotoi is highly reduced and reveals that chaetognaths are a sister group to protostomes. „Proceedings of the National Academy of Sciences of the United States of America“ том  101 (29): 10639–10643. doi:10.1073/pnas.0400941101. PMID 15249679. Bibcode2004PNAS..10110639H. 
  19. Papillon, Daniel; Perez, Yvan; Caubit, Xavier; Yannick Le, Parco (ноември 2004 г). Identification of chaetognaths as protostomes is supported by the analysis of their mitochondrial genome. „Molecular Biology and Evolution“ том  21 (11): 2122–2129. doi:10.1093/molbev/msh229. PMID 15306659. 
  20. 20,0 20,1 Fröbius, Andreas C.; Funch, Peter (4 април 2017 г). Rotiferan Hox genes give new insights into the evolution of metazoan bodyplans. „Nature Communications“ том  8 (1): 9. doi:10.1038/s41467-017-00020-w. PMID 28377584. Bibcode2017NatCo...8....9F. 
  21. Edgecombe, Gregory D.; Giribet, Gonzalo; Dunn, Casey W.; Hejnol, Andreas; Kristensen, Reinhardt M.; Neves, Ricardo C.; Rouse, Greg W.; Worsaae, Katrine; и др. (јуни 2011 г). Higher-level metazoan relationships: recent progress and remaining questions. „Organisms, Diversity & Evolution“ том  11 (2): 151–172. doi:10.1007/s13127-011-0044-4. 
  22. Smith, Martin R.; Ortega-Hernández, Javier. Hallucigenia's onychophoran-like claws and the case for Tactopoda. „Nature“ том  514 (7522): 363–366. doi:10.1038/nature13576. PMID 25132546. Bibcode2014Natur.514..363S. http://dro.dur.ac.uk/19108/1/19108.pdf. 
  23. „Palaeos Metazoa: Ecdysozoa“. palaeos.com. конс. 2017-09-02. 
  24. Yamasaki, Hiroshi; Fujimoto, Shinta; Miyazaki, Katsumi (јуни 2015 г). Phylogenetic position of Loricifera inferred from nearly complete 18S and 28S rRNA gene sequences. „Zoological Letters“ том  1: 18. doi:10.1186/s40851-015-0017-0. PMID 26605063. 
  25. Peterson, Kevin J.; Cotton, James A.; Gehling, James G.; Pisani, Davide (27 април 2008 г). The Ediacaran emergence of bilaterians: congruence between the genetic and the geological fossil records. „Philosophical Transactions of the Royal Society of London B: Biological Sciences“ том  363 (1496): 1435–1443. doi:10.1098/rstb.2007.2233. PMID 18192191. PMC: 2614224. http://rstb.royalsocietypublishing.org/content/363/1496/1435. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]