Прејди на содржината

Бартолинитис

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Bartholinitis)
Бартолинитис
Бартолиниева циста
СпецијалностГинекологија Уреди на Википодатоците

Бартолинитис претставува воспаление на Бартолиниевите жлезди го предизвикиваат различни патогени бактерии. Честопати тоа се гонококите. Воспалувањето на изводниот канал на жлездата обично го оневозможува истекот на секретот, поради што настануваат ретенциони цисти, кои можаат да достигнаат големина на јајце од кокошка. Додека не се инфицирани содржаат бистра слузава содржина и не причинуваат посебни пречки . Со инфицирањето на таквата циста, или само ткиво на жлездата настапува апцес[1].

Клиничка слика

[уреди | уреди извор]

Жлездата тогаш е отечена, а кожата што ја покрива е едематозна, црвена и напната. Болната е со висока температура, а поради болките е неподвижна.

Лекување

[уреди | уреди извор]

Доколку апцесот не се инцизира доаѓа со спонтано прскање. Честопати воспалението се повторува- рецидира. Во акутниот стадиум лекувањето се врши со антибиотици и со инцизија. Во посмирениот стадиум најдобро е да се екстирпира сета жлезда или пак да се направи марсупиелизација.

  1. Претставува шуплина исполнета со гнојна содржина.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Прашања:Форум за Бартолинитис