15 минути (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

15 минути (англиски: 15 Minutes) е американски филм од 2001 година, во режија на Џон Херцфелд. Главните улоги ги толкуваат: Роберт Де Ниро, Едвард Барнс, Олег Тактаров, Шарлиз Терон итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се зборува за двајца криминалци од Источна Европа, Олег (го игра Тактаров) и Емил, кои доаѓаат во Њујорк. Согледувајќи ја моќта на медиумите, тие се решени да ги снимат своите криминални акции и така да станат познати на Западот. Детективот Еди Флеминг (го игра де Ниро) ги истражува нивните убиства.[1] [2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „15 минути“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 16.
  2. „15 минути“, Антена, број 872, 13.3.2015, стр. 14.
  3. „15 минути“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 14.