10.000 години п.н.е (филм)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„10.000 години п.н.е
(10.000 BC)“
Ten thousand b c.jpg
Режирано од Роналд Емерик
Продуцент Мајкл Вимер
Сценарист Харалд Клосер
Настапуваат Стивен Стреит
Камила Бели
Клиф Куртис
Џоел Виргел
Афиф Бен Бадра
Музика Харалд Клосер
Дистрибутер Warner Bros
Премиера 7 март 2008
Времетраење 109 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $140,000,000

„10.000 години п.н.е“ (анг. 10,000 BC) е драмафилм од 2008 год. Филмот е сместен во времето на праисторијата. Премиерата на филмот беше во Берлин, Германија. А кино премиерата на 7 март во САД.

Синопсис[уреди]

Во едно планинско племе, младиот ловец Д’Ли ќе се вљуби во убавата Еволет. Но, кога банда мистериозни воини ќе го нападнат нивното село и ќе ја киднапираат Еволет, Д’Ли ќе собере помала група ловци, со кои ќе тргнат да ги пронајдат и да ја ослободат. Потрагата ги води по непознати предели, каде дотогаш никој од нивното племе нема стапнато. Таму оваа група ловци откриваат дека не се сами како што веруваат, односно постојат и други племиња кои се поинакви од нив. При секоја средба, на групата од Д’Ли им се придружуваат нови членови од племињата што биле напаѓани и ограбувани од воините. Така малата група ловци станува армија. Во текот на нивното патешествие тие мора да се соочат со мноу предизвици и опасни ситуации. Д’Ли при тоа сфаќа дека неговата мисија не е само да ја спаси Еволет, туку и целата цивилизација.

Глумци Ликови
Стивен Стреит Д’Ли
Камила Бели Еволет
Клиф Куртис Тик Тик
Џоел Виргел Накуду
Афиф Бен Бадра Варлорд
Мо Зинал Ка’Рен
Натанаел Барин Баку