’Рбетномозочна течност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзија 8.25 од учебникот OpenStax анатомија и физиологија објавена на 18 мај 2016 година
’Рбетномозочен систем.

’Рбетномозочна течност (РМТ) или цереброспинална течност — бистра и безбојна телесна течност присутна во черепниот и ’рбетниот мозок. Се создава во хороидниот плексус. Во мозокот има околу 125 милилитри РМТ во секој момент, а дневно се создаваат околу 500 милилитри.

Примерок на РМТ се добива со лумбарна пункција. Иако била забележана од Хипократ, РМТ била откриена во XVIII век од Емануел Сведенборг, а подоцна во 1914 г. Харви Кушинг покажал дека РМТ се la;i од хороидниот плексус.