Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам“
Песна
Јазикмакедонски
Напишана1980 години
Објавенаод тогаш до ден денес
Пуштенамакедонскиот народ
Жанрмакедонска народна музика
Композитор(и)непознат,
македонски народни песни

„Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам“македонска народна песна, од Велес. Песната ја раскажала Невена Натева која живее на познатото маало Којник во Велес а ја запишал новинарот Никифор Смилевски[1] и ја објавил во книгата „Песната и коренот“ [2] во 1992 година.

Опис[уреди | уреди извор]

Песната е посветена на којничани и на животот кои тие го имале во 80-тите години од XIX век. Далеку од чаршијата Којник било маало кое имало дуќани и пазарче, луѓето можеле да се снабдат со основните продукти кои им биле потребни. Покрај разните занаетчиски дуќани, имало и мали меанчиња меѓу кои најпознато било меанчето на газда Нато. Освен како меана местото служело и за собирање на аргатите од маалата Којник, Мегдан и Бузаана. Нато бил мудар и досетлив човек и бил прифатен од народот кој сакал да доаѓа во неговата меана а тој со тоа можел да ги издржува сопругата и своите четири ќерќи. Едно утро кога се собирале аргатите да заминат на нивите или на копање афион, двајца еснафи кои биле и меѓусебни ривали Петре Витанчето и Јован Спасев барале аргати за своите ниви. Петре Витанчето изјавил дека доколку дојдат кај него на нива млади моми да прашат афион, ќе им исплати дневница и половина. Сите млади моми заминале кај него да работат. Неговиот рифал, еснафот Јован Спасев не бил многу имотен и морал да ги земе постарите жени кои останале за прашење на неговиот афион. Петре Витанчето иако платил повеќе, младите моми сработиле многу повеќе таа недела. Од тогаш до денес останала песната „Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам“[3] која е омилена меѓу велешани и уште постои куќата на Натеви на Којник во Велес.

Одлики[уреди | уреди извор]

Македонските народни песни од секогаш биле поврзани со некој настан или некоја личност. Токму оваа вистинита народна велешка приказна е опеана во староградска песна од народните гении, со цел да се вметне и да остане во колективната свест на велешани и Македонскиот народ.

Текст[уреди | уреди извор]

Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам

Што ми е мило ем драго на којник дуќан да имам
Што ми е мило ем драго оф аман,
што ми е мило ем драго,
на Којник дуќан да имам, аман, аман,
на Матевото дуќанче.
Кога одат на афион, оф аман,
кога одат на афион.
У Петрета зик тончето, аман, аман,
у Јована на Спасеви.
Да гледам моми Којнички, оф аман,
да гледам моми Којнички,
Којнички ем бузанчанки, аман, аман,
Којнички ем бузанчанки.
На Петрета аргатите, оф аман,
сите моми и невести,
на Јована аргатите, аман, аман,
сите баби без заби.
Што ми е мило ем драго оф аман, ман
на Којник дуќан да имам, оф аман, ман.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Велешанецот Никифор Смилевски“. Ти Реков Ми Рече (англиски). Посетено на 2023-04-04.
  2. „Песната и коренот“. biblioteka.msu.edu.mk (англиски). 1992. Посетено на 2023-04-04.
  3. ТРИНИТИ БЕНД - Што ми е мило, ем драго (на Којник дуќан да имам), Посетено на 2023-04-04

Надворешни врски[уреди | уреди извор]