Шпато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Здружението на автори на музички дела на Република МакедонијаШПАТО е основано е на 15 јуни 2004 година по иницијатива на 13 eминeнтни автори на музички дела кај нас, кои беа потикнати од состојбите и позицијата на македонската музика.

Патрон на здужението е легедарниот Драган Ѓаконовски – ШПАТО, според кој задружението го носи своето скратено име. Бројот на членовите на ШПАТО секојдневно се зголемува, така што денес покрај авторите со долгогодишен и докажан кредибилитет во здружението членуваат и повеќе млади надежни творци од целата Република.

Според Статутот, цел на Здружението ШПАТО е: унапредување, почитување и заштитата на правата, интересите, амбиентот, материјалната и социјална состојба и статусот на членовите во општеството; јакнење на авторската етика; стручно помагање на членовите; формирање на каталог на податоци за делата на членовите; издавање на брошури, публикации, билтени и сл.; давање помош и предлози на надлежните органи во водењето на политиката од областа на музичкото авторството; залагање за доследно спроведување и почитување на законите и на актите на здружението; соработка со сите релевантни субјекти, а особено со Министерствата и останатите организации што ги покриваат дејностите сродни на делокругот на здружението.

Здружението ШПАТО и покрај ограничените средстства (претежно добиени од чланарината), успеа со огромен процент да ја реализира својата програма, со што, се наметна како сериозен и релевнатен фактор во македонското културно општество, а особено по иницијатива на здружението ШПАТО, од страна на Собранието на РМ се импементирани повеќе предлози на членовите во Законот за измена и дополнување на законот за авторското право и сродните права, Законот за културното наследство и особено во Закон за радидофузната дејност.

Дел од остварена програма на ШПАТО се и проектите Ризница 1 и 2. кои на некој начин даваат покрај другото и одговор на неодамна неосмислено-поставеното прашање, дека во Македонија наводно, немало доволно музика за покривање на обврската од 30%, пропишана со најновиот Закон за радиодифузната дејност. Ваквото тврдење во здружението сметаат дека не држи особено поради неоспорниот факт што сите го знаеме, а тоа е дека Македонија без проблем може покрај виното и тутунот да ја извезе и својата музика (доволно е само вклучиме неколку радио или тв програми од соседните замји па да се увериме колкав е нашиот музички фонд и рејтинг). Значи, поставеното прашање треба да се префoрмулира, и да гласи: Кој е најдобриот т.е вистинскиот пат, македонска музика организирано и со заеднички сили и средства да се пласира и пошироко од македонскиот радидифузен, концертен, трговски или друг етер? Бидејќи само по тој пат, создавачите, промоторите, консументите, спонзорите и љубителите на македонска музика (без разлика на видот или етничкото потекло) ќе ги задоволат своите културни, естетски и материјални потреби, особено во овој поволен правен и техничко-технолошки амбиент - чија примена зависи исклучиво од нашата заедничка организирана соработка и инвентивност. Во здружението се уверени дека доколку се трасира тој (вистинскиот) пат или поточно доколку се искористиме интересот за македонската музика што владее надвор од границите на РМ, понатами ќе бидат поставувани сосем поинакви прашања од она погоре наведеното.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]