Ширина на фреквенциски опсег
Ширина на фреквенцискиот појас, скратено фреквенциски опсег или честотен опсег – ширина на фреквенцискиот интервал на комуникацискиот канал кој се користи за комуникација меѓу предавателната и приемната страна.
Фреквенцискиот опсег може да се искаже и како разлика меѓу долната и горната гранична фреквенција на сигналот или опсегот на фреквенции кои ги користи некоја опрема. Мерка за ширина на фреквенцискиот појас е херц.
Појаснување[уреди | уреди извор]
Фреквенцискиот опсег е централен поим во телекомуникациите, со значајно влијание во многу области вклучувајќи ја информатиката, радиокомуникациите, обработката на сигнали и спектроскопијата.
Со оглед дека во денешно време надвладува областа на дигиталните над аналогните телекомуникации, поимот на фреквенциски опсег, благодарение на теоремата за земање на примероци, тесно е поврзан со поимот проток на податоци, односно ширината на фреквенцискиот опсег за количината податоци која може да се пренесе преку комуникацискиот канал во единица време.
Пример[уреди | уреди извор]
Како пример може да се даде фреквенцискиот опсег на фреквенциите на говорен канал. Најниската фреквенција на говорниот канал е f1=300 Hz, а највисоката f2=3000 Hz. Така ширината на фреквенцискиот појас на говорен канал е:
ШФП = f2-f1 = 3000-300 = 2700 Hz.
Дигитални телекомуникации[уреди | уреди извор]
Ширината на фреквенцискиот појас во дигиталните телекомуникации е количината на податоци која во одреден временски период се разменува меѓу предавателната и приемната страна. Единица за ширина на фреквенцискиот појас е b/s.
Интернет[уреди | уреди извор]
Потребата за поголема ширина на фреквенцискиот појас постојано расте, како во магистралната, така и во пристапната телекомуникациска мрежа. Така од некогашната модемска врска преку телефонска линија, преку АДСЛ, се стигна до обезбедување на пристап од 1 Gb/s преку оптички пристап.
Литература[уреди | уреди извор]
- Frenzel, Louis E. Principles of Electronic Communication Systems. Glencoe/McGraw-Hill. стр. 23. ISBN 978-0-02-800409-9.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|