Шестемина од Кале
„Шестемина од Кале“ | |
---|---|
Роденовата скулптура Граѓаните на Кале која е инспирација за драмата | |
Автор | Џорџ Бернард Шо |
Премиера | 1934 |
Место на премиера | Театар Опен Ер |
Изворен јазик | англиски |
Тематика | Едвард III планира да ги обеси граѓаните на Кале |
Жанр | историска драма, комедија |
Место | Кале, среден век |
Шестемина од Кале — едночинка од Џорџ Бернард Шо. Истата била вдахновена од Роденовата скулптура Граѓаните од Кале. Делото претставува историска комедија за судирот меѓу Едвард III и неговата жена Филипа од Ено за неговите планови да ги казни првенците на Кале за отпорот при опсадата на Кале во 1346 година.
Зачеток
[уреди | уреди извор]Шо бил долго време пријател со вајарот Огист Роден, кој направил биста на драматургот и долго време се воодушевувал на неговата скулптура „Граѓаните на Кале“.[1] Самиот Роден еднаш за Шо рекол дека неговата обземеност со „студениот“ разум е „видоизменета во пареа од неговата темпераментна срамежливост и неговата ирска смисла за хумор“.[2] Борбата помеѓу гневот, разумот и хуморот е една од темите на драмата.
Заплет
[уреди | уреди извор]Англискиот крал Едвард III има намера да обеси шест првенци на Кале затоа што се спротивставиле при неговата опсада на градот, но тој мора да ги скрие своите планови од неговата сопруга Филипа, чија природа на опростување е таква што таа ќе се залага за нивните животи. Питер Хардмаут, првиот од првенците не се кае, и му се спротивставува на Едвард за неговото водење војна. Филипа дознава за планот на Едвард и ги користи сите свои лукавства за да го убеди да се премисли, обосновајќи го својот став со тоа дека суровоста може негативно да влијае на нивното неродено дете. Тој на крајот попушта, но одлучува дека ќе го искористи Хардмаут за да ѝ возврати. Го доведува во Хардмаут, кој продолжува безмилосно да ја омаловажува кралицата. Бесна, таа настојува Хардмаут да биде казнет, но сега кралот вели дека таа мора да биде простува како него. Кралот се загрева за Хардмаут кога ќе дознае дека потекнува од Шампањ, како неговата баба. Двајцата се врзуваат и почнуваат да играат игра која вклучува преправање дека се кучиња. На кралицата не ѝ е забавно. Дополнително се нервира кога Едвард вели дека се надева дека дел од духот на Хардмаут ќе влезе во нивното неродено дете. Ја бакнува и сите се смеат.
Предговор
[уреди | уреди извор]Претставата била објавена заедно со Простодушниот на неочекуваните острови и Милионерката во 1936 година. Во предговорот Шо го оправдал очигледно лесниот карактер на пиесата, со образложение дека целта на драмата е да создаде префинет поредок од хаотичното искуство.[3]
Изведба и прием
[уреди | уреди извор]Драмата била прикажана во театарот Опен Ер во 1934 година.
Џон Ентони Бертолини ја опишува драмата како самореферентно дело во кое ликовите ги играат сите улоги. Тој го смета за „најцелосно реализиран“ пример за концепцијата на Шо за комична форма.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Hare, Marion J., "Rodin, Shaw and the Six of Calais", Shaw Festival Programme, 1995.
- ↑ Tehan, Arline Boucher, The Gates of Hell, 2010.
- ↑ Elsie Bonita Adam, Bernard Shaw and the Aesthetes, Ohio State University Press, 1971, p155.
- ↑ Bertolini, John A., The Playwrighting Self of Bernard Shaw, SIU Press, 1991, p.63-4.