Шарлот хорнетс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шарлот хорнетс — американски професионален кошаркарски тим со седиште во Шарлот, Северна Каролина. Хорнетс се натпреваруваат во Националната кошаркарска асоцијација (НБА), како член на Источната конференција во Југоисточна дивизија на лигата. Тимот е во сопственост на членот на Кошаркарската куќа на славните Мајкл Џордан, кој се заинтересирал за тимот во 2010 година.[1][2] Хорнетс своите домашни натпревари ги играат во Спектрум центарот во Аптаун Шарлот.

Оригиналниот тим на Хорнетс бил основан во 1988 година, од страна на Џорџ Шин. Во 2002 година, седиштето на тимот се преместува во Њу Орлеанс и стануваат Њу Орлеанс Хорнетс. Во 2004 година, НБА го основал тимот Шарлот Бобкетс, кој во тоа време се сметал за нов и неискусен тим.[3] Во 2014 година, Бобкетс биле преименувани во Шарлот Хорнетс и се здобиле со официјалната историја и рекордите на оригиналните Хорнетс (кои се протегаат од 1988 до 2002 година), додека тимот на Њу Орлеанс бил преименуван во Пеликанс.[4] [5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Michael Jordan becomes Bobcats Majority Owner“. Bobcats.com. NBA Media Ventures, LLC. March 17, 2010. Посетено на May 1, 2016.
  2. Ozanian, Mike (June 12, 2014). „Michael Jordan Is A Billionaire After Increasing Stake In Hornets“. Forbes. Посетено на June 12, 2014.
  3. "Charlotte Bobcats Become NBA’s 30th Team" NBA.com
  4. „Jordan: Bobcats changing name to Hornets“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. May 21, 2013. Архивирано од изворникот на June 8, 2013. Посетено на May 21, 2013.
  5. Spanberg, Erik (April 29, 2014). „End of an era: With Charlotte Bobcats out of the playoffs, Hornets return“. Charlotte Business Journal. Within two weeks, the Charlotte franchise plans to flip the switch and become the Hornets, adopting the nickname used by the city's original pro basketball team from 1988 to 2002.