Прејди на содржината

Шалитрена Пештера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Влезот во пештерата

Шалитрената пештера се наоѓа во рамките на споменикот на природата Рибница, во атарот на селото Брежѓе, оддалечено околу шест километри од Мионица и три километри низводно од Рибничката пештера и манастирот Рибница. Се наоѓа на списокот на споменици на културата од големо значење.[1][2][3]

Археолошки работи

[уреди | уреди извор]

Шалитрена пештера била откриена за време на рекогносцирањето на долината на реката Рибница, која кон крајот на седумдесетите години на минатиот век билa откриена од група млади истражувачи од Ваљево. Од 2004 година, истражувањето на Шалитрената пештера го превзел Националниот музеј од Белград, кој започнал со систематски археолошки ископувања. Ова истражување се реализирало во рамките на поширокиот проект на Народниот музеј, под наслов Култура и уметност во палеолитот и мезолитот на Србија. Раководител на истражувањето била Бојана Михаиловиќ.

Археолошкото наоѓалиште ги содржи најстарите остатоци од повремените живеалишта на праисториските ловци кои живееле тука во средниот палеолит, пред 80.000 - 40.000 години од старата ера. Врз основа на нашите досегашни сознанија, може да се каже дека Шалитрената пештера во овој момент претставува најбогато и најважно палеолитско наоѓалиште во Србија, единственото граветијенско наоѓалиште на просторот на западен Балкан и секако едно од најбогатите и најзначајните горнопалеолитски наоѓалишта во југоисточна Европа.

 

  1. Завод за заштиту споменика културе Ваљево
  2. „Народни музеј Београд“. Архивирано од изворникот на 5 ноември 2013. Посетено на 4 ноември 2013.
  3. „На длану“. Архивирано од изворникот на 5 ноември 2013. Посетено на 4 ноември 2013.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Завод за заштита на спомениците Ваљево: „Монументално наследство на окрузите Колубара и Мачва“. Ваљево: 2006 година  978-86-904745-2-3   131307532
  • Фото-монографија Мионица - Завичај Војводе Мишића. Мионица: Фондација Војвода Живојин Мишић Београд, СО Мионица, КЦ Мионица. 2011. стр. 66. ISBN 978-86-909017-2-2. |access-date= бара |url= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]