Човекот наречен Тринита
Изглед
„Човекот наречен Тринита“ (италијански: Lo chiamavano Trinità...) – филм на режисерот Енцо Барбони (Enzo Barboni) од 1970 година. Барбони е автор и на сценариото, заедно со Џин Луото (Gene Luotto). Главните улоги ги играат: Теренс Хил (Terence Hill), Бад Спенсер (Bud Spencer) и Стивен Закаријас (Steffen Zacharias).[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Еден необичен, малку мрзлив револвераш (го игра Хил) и неговиот крупен брат (го игра Спенсер), кој е крадец на коњи, ја бранат една мормонска населба од еден мексикански разбојник и неговите послушници, кои сакаат да им ја одземат земјата...