Четириноголики
Четириноголики Период: Доцен ран девон - денес | |
---|---|
Основниот тетраподоморф Tiktaalik. | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Потколено: | Vertebrata |
Класа: | Sarcopterygii |
Поткласа: | Tetrapodomorpha Ahlberg, 1991 |
Подгрупи | |
|
Четириноголиките (науч. Tetrapodomorpha) — гранка (клад) на ‘рбетници којашто се состои од резноперките кои имаат одлики на четириношците. Примитивните форми, како тикталикот, биле нарекувани „рибоношци“ од страна на нивните откривачи, бидејќи, барем според нивниот изглед, тие поседуваат одлики и на риба, но и на четириношци.
Tetrapodomorpha ги содржи вистинските четириношци и неколку групи на сродни резноперкови риби, познати како Osteolepiformes.
Едни од поважните особини кои ги дефинираат четириноголиките се измените на перките, односно појава на рамена коска со конвексна коскена глава која е зглобена со гленоидната фоса (празнината на раменскиот зглоб).
Четириноголиките фосили се познати од раниот девон па натаму, а ги вклучуваат Osteolepis и Panderichthys.
Систематика и филогенија
[уреди | уреди извор]Според Бентон[1], систематиката на четириноголиките е следната:
- Класа Sarcopterygii
- Поткласа Tetrapodomorpha
- Kenichthys
- Ред Rhizodontida
- Надред Osteolepidida (или Osteolepiformes)
- Фамилија Osteolepidae
- Фамилија Tristichopteridae
- Фамилија Megalichthyidae
- Фамилија Canowindridae
- (нерангиран таксон) Elpistostegalia
- Ред Panderichthyida
- Tiktaalik
- Livoniana
- Metaxygnathus
- Ventastega
- Надкласа Четириношци
- Поткласа Tetrapodomorpha
Наводи
[уреди | уреди извор]- Mikko Haaramo. „Tetrapodomorpha - Terrestrial vertebrate-like sarcopterygians“. Архивирано од изворникот на 2006-05-12. Посетено на 2006. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|access-date=
(help) - P. E. Ahlberg and Z. Johanson (1998). „Osteolepiforms and the ancestry of tetrapods“. Nature (journal). 395 (6704): 792–794. doi:10.1038/27421.
- Michel Laurin, Marc Girondot and Armand de Ricqlès (2000). „Early tetrapod evolution“ (PDF). TREE. 15 (3). Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-09-22. Посетено на 2009-03-23.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-10-19. Посетено на 2009-03-23.