Прејди на содржината

Четвороевангелие на цар Иван Александар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Минијатура од четвороевангелието на која е прикажан царот и царското семејство

Четвороевангелие на цар Иван Александар (бугарски: Четвероевангелие на (цар) Иван Александър) е илуминиран ракопис, четвороевангелие, напишан и илустриран во 1355–1356 година за царот Иван Александар на Второто Бугарско Царство. Ракописот се смета за еден од најзначајните ракописи од средновековната бугарска култура, и се опишува како „најславното уметничко дело создадено во Бугарија пред падот под турско ропство во 1393“.[1]

Ракописот, кој сега се чува во Британската библиотека (Add. MS 39627), содржи текстови од четирите евангелија илустрирани со 366 минијатури и се состои од 286 листови од пергамент, со димензии 33 на 24.3 cm. Јазикот на кој е напишан ракописот се означува како бугарски,[2] среднобугарски, словенски,[3] и црковнословенски.[4]

  1. McKendrick, 56
  2. Dimitrova, 23
  3. „British Library Manuscripts Catalogue entry“. Архивирано од изворникот на 2023-01-06. Посетено на 2023-05-26.
  4. Milner-Gulland, 304