Четворица како еден (филм од 1996)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Четворица како еден (англиски: Multiplicity) е американски филм од 1996 година, во режија на Харолд Ремис. Главните улоги ги толкуваат: Мајкл Китон, Енди Мекдауел и Харис Јулин.

Содржина[уреди | уреди извор]

Даг Кини (го игра Китон) е верен сопруг, татко и деловен човек. Тој има преубава жена (ја игра Мекдауел), но напорната работа не му дозволува да ужива во животот. Случајно, тој се запознава со познатиот генетичар д-р Овен Лидс (го игра Јулин), кој ќе му понуди на Даг да го клонира и така да оствари поголема контрола врз својот живот.[1] [2] [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Четворица како еден“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 21.
  2. „Четворица како еден“, Антена, број 881, 15.5.2015, стр. 27.
  3. „Четворица како еден“, Антена, број 886, 19.6.2015, стр. 16.