Чекајќи ја вечноста (филм)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
„Чекајќи ја вечноста“ | |
---|---|
Податотека:Waiting for Forever Poster.jpg Филмски постер | |
Режисер | Џејмс Кич |
Продуцент | Џејмс Кич Тревор Алберт Џон Папсидера Џејн Сејмур Ричард Арлук Џек Џијарапуто |
Сценарист | Стив Адамс |
Главни улоги | Рејчел Билсон Том Стариџ Џејми Кинг Ники Блонски Скот Мехловиц Блајт Денер Роз Рајан Ричард Џенкинс |
Музика | Ник Јурата |
Кинематографија | Метју Ервин |
Монтажа | Памела Марч |
Студио | PCH Film |
Дистрибутер | Freestyle Releasing |
Премиера | февруари 10 2010(Санта Барбара) февруари 4 2011 (Соединетите Американски Држави) |
Времетраење | 94 минути |
Земја | Соединетите Американски Држави |
Јазик | англиски |
Буџет | 5 милиони долари |
Бруто заработка | 25 517 долари |
Филмот Чекајќи ја вечноста — американска љубовна приказна, во режија на Џејмс Кич, а главните улоги ги играат Рејчел Билсон и Том Стариџ. Филмот беше со ограничено театарско претставување и почна да се прикажува од 4 февруари 2011 година. Се снимаше во Салт Лејк Сити и Огден, Јута.
Содржина
[уреди | уреди извор]Ема (Рејчел Билсон) и Вил (Том Стариџ) се најдобри пријатели уште од детството. Тие одамна ги изгубиле контактите – како што знае таа. Ема се враќа во својот роден град бидејќи нејзиниот татко е многу болен и е пред умирање. Но таа не се враќа дома само за да биде со својот татко, туку истовремено се обидува да ги остави зад себе нејзиниот заплеткан љубовен живот и нејзината глумечка кариера. Таа е во затегнати односи со мајка ѝ. Додека еден маж и жена го превезуваат Вил до дома, тој им раскажува како се заљубил во Ема и како таа била покрај него кога починале неговите родители. Откако пристигнал, го посетува својот брат Џим, којшто е банкар и мисли дека Вил има психички проблеми поради тоа што нивните родители починале кога тој бил многу мал.
Вил престојува кај неговиот пријател од детството, Џој. Додека вежба како ќе и каже на Ема што чувствува за неа, Џој доаѓа и Вил му кажува дека тој ќе и изјави љубов денес или утре. Меѓутоа, момчето на Ема ја следи до дома, бидејќи сака да се смират и отседнува во еден локален хотел.
Вил и Ема поминуваат еден ден заедно и се сеќаваат на изминатите времиња. Таа му признава дека му била неверна на своето момче, коешто сака да се ожени со неа. Таа дознава дека Вил ја следел насекаде и бара од него да престане да ја следи. Вил се согласува и го напушта градот.
Се дознава дека момчето на Ема го убил човекот со кој таа имала афера, но таа сè уште не знае за тоа. Кога нејзиното момче дознава дека Вил ја следел Ема, се јавува во полицијата во Лос Анџелес и тврди дека Вил го извршил убиството.
Вил одлучува со автостоп да замине од својот роден град. Но по патот го апси сообраќајната полиција и го носат во притвор. Џим ја плаќа кауцијата и го носи на аеродром. Вил бега во Сан Франциско и не ги зема парите за да му надомести на својот брат за тоа што ја платил кауцијата.
Ема е потресена од веста за смртта на нејзиниот љубовник и добива писмо од Вил во коешто тој ја уверува дека тој не бил во ЛА кога се случило убиството. Го апсат нејзиното момче. Татко ѝ умира. Ема оди кај Џој и му вели да му се извини на Вил за сè што му кажала. После погребот на татко и, Ема добива љубовно писмо од Вил. Таа заминува за Сан Франциско за да го побара и го наоѓа како изведува точка на местото Фишерменс Варф.
Прифатеност
[уреди | уреди извор]Филмот е со ограничено театарско претставување,а започна да се прикажува на 4 февруари 2011 година и се емитуваше во 3 до 14 театри во период од две седмици. За филмот се потрошија 5 милиони американски долари, а има заработка од 25 517 долари. Филмот е остро критикуван од филмските критичари и постигна 6 % од сите филмски критики на мрежното место на „Rotten Tomatoes“. Стивен Холден од весникот „The New York Times“ вели „Како и обично се почувствував задушен од сентименталноста и бесмисленоста на една приказна којашто се дели на вторични заплети и не може да се развие.“ Дејвид Но од весникот „Film Journal International“ открива дека карактерот на Вил не е ништо друго туку манијак којшто е премиса од идиотското умилкување на Џејмс Кич за еден филм од којшто откриваш дека неговото однесување не е само оправдано туку и привлечно... Кич се обидува да ги забрза нештата во последното дејствие со тоа што додава предвидено убиство коешто само поттикнува жалење, особено кога сфаќаш дека тоа само ќе го продолжи здодевното разоткривање на нештата. Пит Хамонд од „Boxoffice“ се сложува со претходното мислење на Но, но и покрај тоа вели дека филмот е „оригинална, чиста, искрена љубовна приказна“ и жали дека еден краток филм којшто не покажува никакви вистински експлоатирачки елементи освен вистински човечки врски толку тешко се продава.