Џеди Осман

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чеди Осман)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џеди Осман
Cedi Osman.JPG
Позицијакрило
Висина2,04 м
Тежина98[1][2] кг
ЛигаТурска кошаркарска лига
ЕкипаАнадолу Ефес Истанбул
Број11
Роден8 април 1995 (1995-04-08) (24 г.)
Охрид, Македонија
НационалностТурчин, Македонец
Проф. кариера2012–
Клубови
Репрезентација
Награди
  • Победник на Купот на Турција 2015
  • Победник на Суперкупот на Турција 2015
  • 3 пати избран во ѕвездите (all star) на Турската лига (2015-2017)
  • Најкорисен играч (МВП) на шампионатот под 20 ФИБА Европа 2014
Инфо од: 06.05.2017.
Медали
Натпреварувач за  Турција
Европски шампионат под 18
Злато 2013 Рига
Национален тим
Европски шампионат под 20
Злато 2014 Крит
Национален тим

Џеди Осман (Охрид, 8 април 1995) - турски професионален кошаркар кој моментално игра за Анадолу Ефес од Истанбул во Турската кошаркарска лига. Најчесто игра на крилната позиција, но ако е потребно може да игра и како бек. На НБА драфтот за 2015, избран е како 31 пик од Минесота Тимбервулфс.

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Осман е роден во Охрид, Република Македонија од татко етнички Турчин и мајка Босанка[3]. Има постар брат Џанер кој исто така е кошаркар[4]. Почна да игра кошарка во КК Босна во 2001 година. Се префрли во јуниорскиот тим на Анадолу Ефес после извонредниот успех со КК Босна во 2007 година. Заради турското потекло по татко, тој веднаш беше натурализиран како турски државјанин и заигра за турскиот национален тим.

Анадолу Ефес[уреди | уреди извор]

Осман потпиша младински договор со Анадолу Ефес во 2007 година. Во сезоната 2011-12 бил позајмен на тимот Пертевнијал од Истанбул. Во летото 2012 година, Осман потпиша професионален договор со Анадолу Ефес.

На 25 јуни 2015 година, Осман беше избран како 31 пик на НБА драфтот за 2015 година од Минесота Тимбервулфс, кој истата ноќ го истргувал заедно со Раким Кристмас за Тајс Џонс (24 пик) од Кливленд Кавалирс.[5]

Успеси[уреди | уреди извор]

Екипни[уреди | уреди извор]

  • 2015 Победник на Купот на Турција
  • 2015 Победник на Суперкупот на Турција
  • 2014 Крит: Злато на Европскиот шампионат под 20
  • 2013 Рига: Злато на Европскиот шампионат под 18[6]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

  • 2015-2017 3 пати избран во ѕвездите (all star) на Турската лига
  • 2014 Крит: МВП на Европскиот шампионат под 20

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Џеди Осман на ЕСПН
  2. Џеди Осман на Баскетбол
  3. Givony, Jonathan (June 18, 2015). „Cedi Osman NBA Draft Scouting Report and Video Breakdown From DraftExpress.com http://www.draftexpress.com/#ixzz3e9YODxti http://www.draftexpress.com“. DraftExpress. конс. June 26, 2015. 
  4. Özcan, Dilay (September 29, 2014). „Cedi Osman Nam-ı Diğer “Jedi Knight” !“ (Turkish). gazetebilkent.com. конс. June 26, 2015. 
  5. „Cavaliers Acquire Draft Rights to Cedi Osman and Rakeem Christmas from Minnesota“. NBA.com. June 25, 2015. конс. June 26, 2015. 
  6. „Turkey Roster“. U18 European Championship Men Division A. 2013-07-29. конс. 2013-07-29.