Чаирски Езера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на езерата.
Источната група на езерата.

Чаирски езера ― група од девет леднички езера во планината Пирин, Пиринскиот дел на Македонија, денес во Бугарија. Тие се наоѓаат во голем цирк наречен Чаира во долината на реката Санданска Бистрица. Сместени се помеѓу врвовите Мозговишки и Превалски Чукар на надморска височина помеѓу 1.400 и 1.500 м. Нивната вкупна површина е околу 92 декари што е за 30 декари помалку од најголемото езеро на планината Пирин, Поповото Езеро. Нивниот вкупен волумен е 160.000 м3 што е осум пати помалку од Поповото Езеро.

Туристичката рута од прибежиштето Демјаница до прибежиштето „Јане Сандански“ оди во близина на Чаирските Езера.

Кога имињата на градбите на Пирин биле сменети во бугарската Преродбенска постапка, тие биле преименувани во Поленски Езера. Ова име не е популарно и не го користат туристите.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Даутов, Николај. Пирин. Речник и пътеводител. Софија, 2008, стр. 131-132.

41°42′15″N 23°27′21″E / 41.70417° СГШ; 23.45583° ИГД / 41.70417; 23.45583