Прејди на содржината

Црква „Св. Атанасиј“ - Босилово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Атанасиј

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаСтрумичка
Архијерејско намесништвоСтрумичко
Местоположба

Карта

Координати41°26′30″N 22°43′35″E / 41.44167°N 22.72639°E / 41.44167; 22.72639
МестоБосилово
ОпштинаБосилово
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Атанасиј
Изградба1842
ЗографАндон Петров Ангелков
Мрежно местоhttps://svatanasij.mk/
Архитектонски опис
Архит. типтрикорабна псевдобазилика
Стилдоцнопреродбенички

Свети Атанасиј — главна селска црква во струмичкото село Босилово, Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, веднаш зад задружниот дом.

Историја

[уреди | уреди извор]

Била изградена во 1842 година[2] и е една од најстарите во регионот. Годината на подигањето на црквата е обележана на четвртиот столб од исток, на јужната колона, каде стои: „Св. Атанасиј 1843 год.[3]

Во црквата отпрвин се служело на грчки јазик, но откако учителот А. Костенцев со група ученици, на Спасовден во 1869 година учествувал во службата на словенски јазик, мнозинството од селаните веќе не сакале да чујат за грчки јазик во црквата. По овој случај овде доаѓале селани и од околните села за да слушнат зборови што ги разбирале.[4]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Храмот има облик на трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен таван на три кораби, при што централниот кораб има т.н. „манастирски свод“.[5]

Градбата на црквата е во добра состојба, но има присуство на влага во горните партии на црквата, како и капиларна влага кај јужните столбови висока до два метри, кои резултираат во лупење на малтерот. Во 2015 година биле затворени тремовите и црквата добила нов покрив, а бил изведен и дренажен канал.[3]

Фрескоживопис

[уреди | уреди извор]

Во црквата има работено зографот Андон Петров Ангелков во 1856 година.[6]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 202.
  3. 1 2 „Св. Атанасие“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2026-02-15.
  4. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969, стр. 159.
  5. Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 203.
  6. Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 218.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]