Прејди на содржината

Циминтири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мермерен олтар со грчки натпис посветен на „ESTIAS ΙΣΘΜΙΑΣ“ или „Естија Истмија“, што подразбира постоење на теснец помеѓу Деспотико и Циминтири.

Циминтири, познат и како Коимитири, ― мало, ненаселено островче на островите Киклади во грчката област Јужен Егеј.[1] Циминтири се наоѓа помеѓу островите Антипарос и Деспотико. [2] Теснецот што ги дели сите три острови не е повеќе од 1 метар длабок, па се верува дека островите биле поврзани како едно копно во античкото време.[3][4]

Археолозите откриле гробни места на островот, што можеби е причина за неговото алтернативно име, Коимитири, што значи „почивалиште“.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Yeroulanou, Marina; Stamatopoúlou, María (2005). Architecture and archaeology in the Cyclades: papers in honour of J.J. Coulton (англиски). Archaeopress/British Archaeological Reports. ISBN 9781841718934.
  2. Marthari, Marissa; Renfrew, Colin; Boyd, Michael (2017-01-04). Early Cycladic Sculpture in Context (англиски). Oxbow Books Limited. ISBN 9781785701962.
  3. „Despotiko: The island of the gods of Mythology“. Traveller Greece (англиски). 18 април 2016. Посетено на 13 ноември 2021.[мртва врска]
  4. Oakley, John (31 август 2014). Athenian Potters and Painters III (англиски). Oxbow Books. ISBN 9781782976646.
  5. Δελτιον ελλενικης αλλελογραφιας. E. Thorin. 2004. ISBN 9782869582408.

 

36°58′33″N 25°01′07″E / 36.97583° СГШ; 25.01861° ИГД / 36.97583; 25.01861