Централноевропски универзитет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Централноевропски универзитет (англиски: Central European University; унгарски: Közép-európai Egyetem) е приватен универзитет лоциран во Будимпешта, Унгарија. Основана е во 1991 година со финансиска помош на Џорџ Сорос со наведена цел за развој на отворено општество и демократија во земјите од Централна и Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз.

Истражувачката работа и обуката на студентите се изведуваат на англиски јазик на 12 факултети, во CEU Business School, основана во 1998 година и автономна од универзитетот, како и во Хуманитарниот центар, Центарот за административна политика, Архивата на отвореното општество.

ЦЕУ е меѓународен универзитет на кој присуствуваат повеќе од 1.500 студенти од сто земји. Повеќето студенти добиваат стипендија за целиот курс на нивните студии, бидејќи ЦЕУ располага со фонд од 400 милиони евра, гарантирани од основачот на универзитетот, Џорџ Сорос. Професорите кои предаваат на ЦЕУ се од 30 земји.[1][2][3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lydia Gall (25 October 2018). „Central European University“. Human Rights Watch. The CEU, one of the most prestigious universities in Central Europe...
  2. „Politics & International Studies“. Top Universities. 25 February 2020.
  3. Abbott, Alison (2017). „Elite Hungarian university may be saved“. Nature News. doi:10.1038/nature.2017.22761 – преку www.nature.com.
  4. „Elite university could close | DW | 20.04.2017“. Deutsche Welle.