Хиперврска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пример за хиперврска со показник врз неа

Хиперврска или само врска или поврзница (англ. hyperlink, link) — упат од еден збор, слика или каков било информациски објект до друг таков објект. Во мултимедијалната природа, како што е глобалната мрежа, таквите објекти вклучуваат звучни или видео записи. Најчест облик на врска е препознатливиот збор или слика, којшто може да биде одбран од страна на корисникот (со помош на глувчето или на некој друг начин), при што резултатот би бил моментална испорака или увид на некоја друга податотека.