Хенлеова петелка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хенлеова петелка
Gray1128.png
Податоци
Назнаки
ЛатинскиAnsa nephroni
FMA17718 FMA:17698, 17718

Во бубрезите, Хенлеовата петелка е дел од нефронот кој води од проксималното извиено каналче до дисталното извиено каналче. Наречена според нејзиниот откривач, германскиот анатом Фридрих Густав Јакоб Хенле, главна функција на Хенлеовата петелка е да создаде концентрациски градиент во медулата на бубрегот.

Физиологија[уреди | уреди извор]

Севкупно, Хенлеовата петелка реапсорбира околу 25% од филтрираните јони и 20% од филтрираната вода кај нормален бубрег. Овие јони воглавно се Na+, Cl, K+, Ca2+ и HCO3.