Фулиш грин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фулиш Грин
Foolish Green
ПотеклоСкопје, Република Северна Македонија
Жанровипсиходелчен рок, рок, психоделичен поп
Период на активност2008–денес
Мреж. местоhttps://foolishgreen.bandcamp.com/album/soul-revival https://www.facebook.com/foolishgreenmusic/
Членови
Ненад Стефаноски-Брус (гитара и вокал)
Дарко Стојоски (гитара)
Стефан Пехчевски (клавијатури)
Теодор Бошков (бас гитара)
Гишо Динев (тапани)

Фулиш грин — македонски рок бенд кој се појавил во 2008 година.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 2008 година во домашното студио на Ненад Стефаноски - Брус биле создадени 12 теми, кои започнал да ги објавува од јуни 2012 година. Првата објава била во фри даунлоуд формат од страна на регионалната „MTV Adriа“. На ова ЕР именувано како Sun Is Gone, кое било извонреден промотивен материјал за бендот, се наоѓаат четири теми што подоцна биле поместени и на неговото целосно издание. Како комплетен автор на песните на албумот, освен на текстот на нумерата Sun Is Gone, e потпишан Ненад Стефановски, кој е и снимател и продуцент на сите 12 теми отпеани на англиски јазик.

Речиси на секоја од песните може да се слушне по некој гостин музичар. Како гитаристи се појавуваат Давор Стојановски, Ади Имери, Јана Коцева и Нико Гаврилов. Бас-гитарите се отсвирени од Мартин Јосифовски, Теодор Бошков и од Милан Симовски. Клавијатурите во една тема се на Петар Лукиќ, а придружните вокали на Ива Јаковческа, Снежана Матовска и на Јана Коцева.

На 23 октомври 2012 година групата за првпат настапила јавно, искористувајќи еден групен настан во клубот „Хавана".

Hа 28 февруари 2013 година бил промовиран поп-албумот Escape. Само по неколку дена, на 03 март 2013 година, со настап во живо, албумот бил промовиран на музичкото радио „Канал 103".

Следувале настапи низ Македонија, самостојни во клубови или на фестивали, а во ноември 2013 година, групата за првпат се претставила и надвор од Македонија.

Во јуни 2014 година го објавиле синглот Twelve, а во последните денови од 2014 година, групата го пуштила во етер својот сингл, прв отпеан на македонски јазик - Далеку.

Во 2015 година Фулиш грин имале настапи на фестивали низ Македонија, имале кратката турнеја по поранешна Југославија, во Загреб, Љубљана[2] и Белград, како и настапи во Руше, во Виена и во Братислава.

На 9 декември 2021 година, Фулиш грин одржале самостоен предновогодишен концерт во Скопје.[3]

Во мај 2022 година се појавил нивниот самостоен албум Soul Revival.

Членови во 2015 година[уреди | уреди извор]

Поставата на групата ја сочинуваат:

  • Ненад Стефаноски-Брус (гитара и вокал),
  • Дарко Стојоски (гитара),
  • Стефан Пехчевски (клавијатури),
  • Теодор Бошков (бас гитара) и
  • Гишо Динев (тапани).

Дискографија[уреди | уреди извор]

Наслов Година
V.A. - Pin Music Conference / Lover doll 2012
Escape 2013
Soul Revival 2022

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 395, 396, 397. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. „Најава за настап на фестивалот МЕНТ во Љубљана“. Архивирано од изворникот на 2023-04-19. Посетено на 2023-04-19.
  3. „Најава за концертот во кино Фросина“. Архивирано од изворникот на 2023-04-19. Посетено на 2023-04-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Податоци за изданија Архивирано на 15 април 2023 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар