Давор Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Давор Стојановски
Давор Стојановски на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022
Роден/а08.03.1987
Скопје, Македонија

Давор Стојановски (роден на 8 март 1987 година во Скопје, Република Македонија) е македонски писател и музичар.

Давор Стојановски на првиот Фестивал на проза, Куманово, мај 2022

Биографија[уреди | уреди извор]

Дипломира на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Магистрира на истиот факултет, на студиската програма за Македонска книжевност, со трудот „Историографската метафикција од С до З (Анализа на двете верзии Сестрата на Сигмунд Фројд и Сестрата на Зигмунд Фројд од романот на Гоце Смилевски)“.

Освен со пишување, се занимава и со музика. Членувал во бендот Foolish Green со кои го објавува албумот Escape (2013).

Работел како копирајтер во маркетинг-агенција и како уредник во издавачка куќа.

Творештво и награди[уреди | уреди извор]

Стојановски е добитник на наградата „Ана Франк“ за театарската пиеса „Буна на времињата“ (2005, Феникс).

Во 2011 година е добитник на откупната награда на конкурсот за краток расказ на Нова Македонија за расказот „Соба со тенки ѕидови (Сонувајќи го Цејлон)“.

Неговиот прв роман, „Ненасловена месечева соната“ (2013) влезе во потесниот избор со четири други романи, за наградата Роман на годината на Утрински весник.

Неговиот втор роман, „Собирачи на пепел“ (2016) ја доби наградата Роман на годината на Утрински Весник. [1]

Пишува во речиси сите книжевни жанрови.

Дел од неговото творештво е објавен во домашни и во странски антологии и книжевни списанија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Давор Стојановски добитник на наградата „Роман на годината" за 2016“. Канал 5. 15 март 2017.