Фудбал на песок

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Фудбал на плажа)
Прејди на: содржини, барај
Фудбал на плажа

Фудбал на песок (или фудбал на плажа) е варијанта на фудбалот. Самата игра се одржува на плажа или на игралиште со песок, и вклучува употреба на техника, подвижност и шут кон голот.

Додека фудбалот се играл долги години неформално на плажите, воведувањето на фудбал на песок претставува обид за кодификација на правилата на играта. Ова е сторено во 1992 година од создавачите на Beach Soccer Worldwide, компанија создадена за развој на спортот и одговорна за одржување на голем дел од турнирите до денес.

Неравниот терен покриен со мек песок води кон сосема различен стил на игра од оној присутен кај вообичаениот фудбал. Компактниот терен, значајно помал од теренот за фудбал, им дозволува на играчите да постигнат гол од било кое место на теренот. Ова води кон игра со постигување на голем број погодоци, со просек од 60 обиди за постигнување гол во еден натпревар, со просечно еден постигнат гол секои 3 до 4 минути, што значи околу 11 голови во еден натпревар.