Фондации Отворено општество
Место | Њујорк, Њујорк, САД |
---|---|
Клучни лица | Џорџ Сорос, Извршен директор Кристофер Стоун, Претседател Џонатан Сорос, Член на советодавниот одбор за глобални прашања |
Мреж. место | opensocietyfoundations.org |
Фондации Отворено општество (ФОО), порано Институт Отворено општество — меѓународна мрежа за доделување грантови основана од стопанственикот Џорџ Сорос.[1] Фондациите Отворено општество финансиски поддржуваат граѓански групи низ светот, со цел за унапредување на судството, образованието, јавното здравство и независните медиуми.[2][3]
ФОО има свои претставништва во 37 држави,[4] вклучувајќи и група на земји и регионални фондации како Иницијативата Отворено општество за Западна Африка и Иницијативата Отворено општество за Јужна Африка. Седиштето на ФОО е во Њујорк.
Од своето основање во 1993, ФОО имал трошоци вредни 11 милијарди долари.[5] Името на оваа мрежа е инспирирано од книгата на Карл Попер од 1945 година, Отвореното општество и неговите непријатели.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Duszak, Alexandra (December 21, 2012). „Donor profile: George Soros“. Center for Public Integrity. Посетено на 18 May 2015.
- ↑ Harvey, Kerric (2013). Encyclopedia of Social Media and Politics. SAGE Publications. стр. 919. ISBN 9781483389004.
- ↑ „Open Society Foundation mission and values“, OSI, Soros, September 6, 2012.
- ↑ Callahan, David (September 14, 2015). „Philanthropy vs. Tyranny: Inside the Open Society Foundations' Biggest Battle Yet“. Inside Philanthropy. Посетено на 17 September 2015.
- ↑ „Expenditures“. Open Society Foundations. Архивирано од изворникот на 2012-10-18. Посетено на 18 May 2015.
- ↑ de Cock, Christian; Böhm, Steffen (2007), „Liberalist Fantasies: Žižek and the Impossibility of the Open Society“, Organization, SagePub, 14 (6), doi:10.1177/1350508407082264, Посетено на 26 October 2012.