Феминистичката археологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Феминистичката археологија го застапува гледиштето дека половата улога е културолошки, а не биолошки определена и дека жените долго време биле обесправени во бројни општества. Феминистичката археологија се занимава и со проучување на половата улога и нееднаквоста во археологијата како професија, со убедувањата и претпоставките за старите општества, како и со создавањето на знаењето каде доминантна е машката перспектива. Па сепак, не сите археолози, вклучени во проучувањето на половите, се феминисти.

Феминистичката археологија користи феминистичка перспектива во толкувањето на минатите општества. Таа често се фокусира на полот, но често во тандем со други фактори, како што се сексуалноста, расата или класата. Феминистичката археологија ја критикува некритичката примена на модерни, западни норми и вредности на минатите општества. Таа дополнително се занимава со менување на согледаните андроцентрични пристрасности во структурирањето на дисциплинските норми на археологијата со гиноцентрични пристрасности во рамките на професијата.