Фаиза Дархани

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фаиза Дархани (родена околу 1992 година) е авганистанска екологистка, активистка за правата на жените и едукатор.[1] Во 2021 година, таа била дел од листата на 100 жени на БиБиСи, која ги вклучувала најинспиративните и највлијателните жени во светот. [2] Дархани е еден од ретките научници за климатските промени во Авганистан.[2] Таа формално била директорка на Националната агенција за заштита на животната средина во провинцијата Бадакшан.[1]

Таа присуствувала на Универзитетот во Бадакшан; проследено со студирање на Универзитетот во Путра Малезија (исто така познат и како Универзитет Путра Малезија), каде што дипломирала со магистерска диплома за пејзажна архитектура.[1] Нејзиното истражување се фокусира на одржливото управување со урбаните предели и односот помеѓу урбаното земјоделство и безбедноста на храната.[3]

Да се издвојувате од толпата е храбра одлука. Мора да ги следите вашите соништа и да ги претворите во реалност, а мојот сон е да имам чиста и безбедна средина, без војна и секаков вид загадување.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „BBC 100 Women 2021: Who is on the list this year?“. BBC News (англиски). 2021-12-07. Посетено на 2022-04-23.
  2. 2,0 2,1 „50 Afghans among BBC's 100 influential women of 2021“. The Frontier Post (англиски). 2021-12-08. Архивирано од изворникот на 2022-02-11. Посетено на 2022-04-24.
  3. Bohn, Katrin; Viljoen, André. „The vision of productive urban landscapes is horizontal and vertical“. Productive Urban Landscapes. University of Brighton, UK. Посетено на 2022-04-23.