Јасминова револуција

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Туниски протести (2010-2011))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Туниски протести (2010-2011)
Место Тунис
Дата18 декември 2010 – во тек
КарактерПротести, нереди
Жртви219+[1]
Повредени94[2]

Туниските протести или Туниската револуција започнала кон крајот на 2010 година, а продолжила и во текот на 2011 година. Оваа револуција е позната ѝ како Јасминова револуција[3][4].

Протестите започнале кон крајот на декември 2010 година, кога трговецот Мухамед Буазизи се самозапалил како протест за конфискувањето на неговата стока[5]. Ова социјално незадоволство ја опфатила целата земја. Во почетокот, целта на демонстрациите биле од социјален карактер, крај на полициското насилство, намалување на невработеноста и цените на прехранбените продукти, зголемување на минималната плата, поголема борба со корупцијата и слично[6]. Но набргу, протестите преминале во политички карактер, и целта на истите станала паѓање на режимот на претседателот и демократизација на земјата[7].

Овие протести претставуваат најголемите во земјата по три декади[8][9]. Револуцијата довела до бегство на претседателот Зин ал Абидин бен Али на 14 јануари 2011 години по 23 години власт[10][11]. По бегството на претседателот, во земјата била формирана привремена влада, во која биле вклучени и членовите на партијата на претседателот, како и членовите на опозицијата. Но, пет министри го напуштиле министерството односно владата, и од 21 јануари секојдневните протести во Тунис продолжиле, барајќи во новата влада да нема членови од партијата на претседателот. Жртвите од востанието се над 78, а повеќе од 100 се повредени[12][13].

Протестите и промената на власта во самата земја се познати како Туниска револуција на достоинството[3][4]. Во западните медиуми пак, овие настани се познати како Јасминова револуција[14][15].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "BBC News - Tunisia protests against Ben Ali left 200 dead, says UN". Bbc.co.uk. 2009-05-16. конс. 2011-02-01. 
  2. "Gov't: 219 deaths in Tunisian unrest". 
  3. 3,0 3,1 "Tunisia: A Jasmine Revolution". Arab Talk. 2011-01-15. конс. 2011-01-26. 
  4. 4,0 4,1 Walt, Vivienne (2011-01-20). "Tunisia's Nervous Neighbors Watch the Jasmine Revolution". TIME. конс. 2011-01-26. 
  5. Tunisia suicide protester Mohammed Bouazizi dies, BBC, January 5, 2011.
  6. Spencer, Richard. "Tunisia riots: Reform or be overthrown, US tells Arab states amid fresh riots". Telegraph. конс. 2011-01-14. 
  7. Ryan, Yasmine. "Tunisia's bitter cyberwar". Al Jazeera English. конс. 2011-01-14. 
  8. "Tunisia's Protest Wave: Where It Comes From and What It Means for Ben Ali | The Middle East Channel". Mideast.foreignpolicy.com. 2011-01-03. конс. 2011-01-14. 
  9. Borger, Julian. „Tunisian president vows to punish rioters after worst unrest in a decade“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 29 декември 2010 (посет. 29 декември 2010 г).
  10. Wyre Davies (2010-12-15). "BBC News – Tunisia: President Zine al-Abidine Ben Ali forced out". Bbc.co.uk. конс. 2011-01-14. 
  11. "Uprising in Tunisia: People Power topples Ben Ali regime". Indybay. 2011-01-16. конс. 2011-01-26. 
  12. http://www.dnes.bg/world/2011/01/21/tridneven-traur-za-jertvite-pri-protestite-v-tunis.109311
  13. http://bnt.bg/bg/news/view/45163/jertvi_i_ikonomicheski_zagubi_v_tunis
  14. Par Frédéric Frangeul (2011-01-19). "D’où vient la "révolution du jasmin" ?". Europe1.fr. конс. 2011-01-26. 
  15. Google Translate