Трки со двоколки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Современa реизведба на трка со двоколки
Циркус Максимус во Рим можел да прими околу 270.000 гледачи на трките

Трките со двоколки (грчки: ἁρματοδρομία/armatodromia, латински: ludi circenses), бил еден од најпопуларните спортови во Стара Грција, Античка Македонија, Антички Рим, и во Византија. Трките биле опасни и за возачите и за коњите, и често завршувале со смрт, но предизвикувале воодушевување кај публиката поради својата драматичност.

Во римската верзија на трките, тимовите претставувале различни групи на финансиски поддржувачи, кои честопати се натпреварувале за најдобрите возачи. Поради тоа се создавале фракции кои со време почнале да добиваат и политички, социјални или религиозни примеси. Ова особено било случај во Византија, кајшто од првобитните фракции на Зелени, Бели, Сини и Црвени, на крајот останале само две - Зелените и Сините, чие ривалство кулминирало со Бунтот Ника.

Навивачките групи на Зелените и Сините во Византија биле толку влијателни, што и императорите во Византија понекогаш припаѓале на некоја од групите, или пак барале нивна политичка поддршка за да дојдат на власт, како на пример императорот Фокас во 602. година.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Homer. Iliad  – преку Викиизвор.
  • Pausanias, Description of Greece, Book 6: Elis II.See original text in Perseus program.
  • Pindar, Isthmian Odes - Ishmian 1. See original text in Perseus program.
  • Pindar, Olympian Odes - Olympian 1. See original text in Perseus program.
  • Pindar, Pythian Odes - Pythian 5. See original text in Perseus program.
  • Thucydides. History of the Peloponnesian War  – преку Викиизвор., Book 6.
  • Tertullian, De Spectaculis. See original text in the Latin library.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]