Трајчо Трајков
Изглед
| Трајчо Трајков | |
|---|---|
| Министер за економија, енергетика и туризам | |
| На должноста 27 јули 2009 – 15 март 2012 | |
| Претходник | Петaр Димитров |
| Наследник | Делjaн Добрев |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 19 април 1970
Софија, Бугарија |
| Партија | ГЕРБ |
Трајчо Трајков (роден на 19 април 1970 во Софија) е бугарски политичар и министер за економија, енергетика и туризам на Бугарија во периодот од 2009 до 2012 година.
Трајков своето средно образование го завршил во Првата англиска гимназија во Софија, а факултет завршил на УНСС во Софија со специјалност Меѓународни економски односи. Специјализирал финансиска анализа и менаџмент во Австрија и Германија.