Транссибирска пруга на смртта (филм)
Транссибирска пруга на смртта (англиски: Transsiberian) - американски филм од 2008 година, во режија на Бред Андерсон. Главните улоги ги играат: Вуди Харелсон, Бен Кингсли, Емили Мортимер, Едуардо Нориега и Кејт Мара.
Содржина
[уреди | уреди извор]За време на едно патување со транссибирската железница, една брачна двојка ќе се најде во мрежа од лаги, потера и убиства. Американците Рој и Џеси ја завршуваат својата христијанска мисија во Кина и тргнуваат со воз од Пекинг до Москва. Во возот, тие се запознаваат со уште една двојка, шармантниот и таинствен Шпанец Карлос и младата Американка Еби. Карлос веднаш ја загледува Џеси, која е сомничава кон него, за разлика од отворениот и срдечен Рој. По една пауза, откако возот повторно поаѓа, сите забележуваат дека го нема Рој. Џеси е во паника, а однесувањето на Карлос станува сомнително.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Патување кое се претвора во кошмар“, Антена, број 886, 19.6.2015, стр. 3.