Томислав Биљарац – Томби
Томислав Биљарац – Томби | ||
Роден | 22 март 1940 | |
---|---|---|
Починал | 18 декември 2017 Скопје, Македонија | |
Занимање | новинар |
Томислав Биљарац – Томби (роден 22 март 1940 – Скопје, 18 декември 2017) — македонски новинар, доајен на македонското автомобилско новинарство, кој над 40 години бил активен во радио програми, новински изданија, магазини и ревии посветени на автомобилската индустрија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Биљарац е роден на 22 март 1940 година. Неговата кариера започнала во Радио Скопје, во рубриката за сообраќај, а потоа повеќе децении работел како главен и одговорен уредник на изданието „Современ возач“. Тој бил и член на жирито за избор на Автомобил на годината на Југославија, а особено е познат како творец и сопственик на првата „авто-мото“ ревија во независна Македонија – „Авто Плус“. Биљарац бил иницијатор и основач на жирито за избор на Автомобил на годината во Македонија и важи за еден од поставувачите на темелите на салонската манифестација „Авто Експо“ која долги години се одржувала на Скопскиот саем. За својата посветена работа Томислав Биљарац – Томби бил добитник на многу признанија и награди како на просторите на некогашна Југославија, така и во независна Македонија.
Починал во Скопје на 18 декември 2017 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ЖАЛНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски спортски новинар“. Архивирано од изворникот на 2017-12-21. Посетено на 2017-12-19.